2win800x200

„Водовод“ го менува начинот на работа, а промените се видливи, вели директорот Горан Козаров

Јануари 22, 2021

Вложувања во човечки ресурси, обуки и едукација на кадарот, набавка на машини и опрема и вклученост во менување на инфраструктурата во градот, инвестиции во најзначајните објекти за водоснабдувањето , подготовка за најголемиот проект, изградба на нова управна зграда и висок процент на реализација на плановите, ја одбележаа изминатата 20202 година за ЈП „Водовод“ од Битола.

-Задоволен сум со тоа што е постигнато во подобрување на условите за работа, решаваме голем број проблеми и дадовме друг правец на работа на ЈП „Водовод“. Овие три години реализираме 60 до 70 проценти од плановите, а промените се видливи. Сопствени средства вложивме во набавка на агрегат за струја во Филтерница, кој е клучен за да има вода кога нема струја во Филтер станицата, набавивме две нови дувалки за филтерските полиња, инвестиција во хлоринаторската станица. Во стопанскиот двор, набавени се лесни возиола и две градежни машини, една цистерна која е донација издејствувана со поддршка на Пелагонискиот плански регион. Асфалтиран е голем дел во стопанскит двор, направена е промена на неколку канцеларии, а се направи подготовката за големиот проект на Водовод, завршена е јавната набавка за управната зграда која ќе почне да се гради за многу брзо, рече Горан Козаров, директор на ЈП „Водовод“-Битола

Козаров вели дека поголем дел од битолчани се за пофалба со редовно плаќање на сметките за потрошената вода, но исто така има и граѓани кои не ги извршуваат своите обврски на време. Има и голем број фирми кои не плаќаат вода, па долгот кон „Водовод“ е околу 45 милиони денари.

-Наплатата е добра и се движи околу 90 проценти. Граѓаните се дисциплинирани, но дел се исклучок Имаме проблем со заостанати долгови што ги побарува Водовод  по фактурирани сметки, судски спорови. Апелирам до граѓаните да дојдат, да направат договори да можат тој долг да го плаќаат на рати, согласно одредбата на Владата можеме да ги отпишеме каматите, само да почнат граѓаните да си ги плаќаат долговите. Побаруваме 45 милиони денари потврдени со судски предмети , побарувања, тука се и деловни и физички лица. Најголемиот долг имавме од училиштата, но тој е подмирен и сега си плаќаат редовно, секој месец, а редовно плаѓаат и јавните претпријатија, вели Козаров.

Тој додава дека поплаките од граѓаните се сведени на минимум во последните 3 години, кои најчесто биле поради нечитање на водомерите, некаде и со години, пишување паушали. Сега секој водомер за една година мора 3 до 4 пати да се слика, да има запис од инкасантите. Козров вели дека интензивно се работи на намалување на загубите и кражбите на вода.

-Во однос на кражбите сите алатки кои ги имплементираме за брзо сервисирање,  вложување  во СКАДА системот за детектирање на дефекти, мерење на притисок во цевководот, следењето на инкасантите, даваат резултат. Имаме од 85 до 90 проценти наплата на фактурираната вода, вели директорот на ЈП Водовод-Битола, Горан Козаров

Козаров за оваа година најавува голем обем на работа, затоа што според плановите за работа на Општина Битола, ЈП „Водовод“ и сите други јавни претпријатија се вклучени во голем број проекти.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани