2win800x200

Најстудено во Битола -11 степени

Јануари 24, 2024
фото Јован Наумовски фото Јован Наумовски фото Јован Наумовски Битола
24.01.2024 МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

 

Најстудено утрово е во Битола со -11 степени, во Тетово и Дебар се измерени -8, во Прилеп-7, Струмица -6, Берово, Штип и Демир Капија -5, Охрид -3. Над нулате е во Скопје и Куманово со три степени, Велес и Дојран четири и Гевгелија со седум степени, соопшти УХМР.

Најмногу снег, пак, има во Маврово 18 сантиметри, Дебар 15, Битола 14, Берово 11, Попова Шапка и Крушево по 10 сантиметри.

 

Во текот на ноќта времето беше ведро со мала до умерена облачност. Изутринава е сончево со мала облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани