2win800x200

Спречен обид за шверц на женски чанти, куфери и ранци на ГП „Меџитлија“

Јануари 23, 2024

На граничниот премин „Меџитлија“ е спречен обид за криумчарење на 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец, по извршена контрола од страна на царински службеници, соопштија од Царинската управа.

 

– Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во држвава. Поради сомнение во изјавата на возачот извршена е физичка контрола на возилото, при што во возилото во просторот помеѓу седиштата и во багажниот простор пронајдени се непријавени 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец, стои во соопштението од Царинската управа.

Непријавените производи, се подвлекува, се привремено задржани, а против лицето е поведена соодветна прекршочна постапка.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани