Книгите на германски јазик донирани од Здружението за македонско-германско пријателство донесоа радост во училиштата

Ноември 30, 2023

Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола донираше околу 130 книги на германски јазик, а дел и на македонски, но со тематика поврзана со Германија, во осум битолски училишта. За повеќето од нив ова беше прва литература добиена на германски јазик иако тој е втор странски јазик по интерес за изучување кај учениците, после англискиот. Книгите беа донирани во петте основни училишта „Даме Груев“, „Елпида Караманди“, „Гоце Делчев“, „Тодор Анеглевски“ и „Труфун Пановски“, како и трите средни „Таки Даскало“, „Јане Сандански“ и „Јосип Броз-Тито“. Постапката беше спроведена транспарентно зашто Здружението најпрво испрати писмо за интерес за соработка до училиштата и оние кои се јавија, притоа земјаќи го во предвид бројот на ученици, добија и дел од книгите од Здружението.

e5b66089 0389 438f 8b95 42f0ee3acb96

„ Сметавме дека подобра примена ќе најдат во училиштата отколку во нашето Здружение зашто таму нема библиотека која би работела секој ден. Се обративме до Гете Институтот и тие сметаа дека идејата да ги донираме е одлична. Така книгите ќе бидат подостапни за учениците. Воедно, на овој начин сакаме да дадеме поддршка за наставниците зашто германскиот јазик е многу застапен во училиштата, после англискиот. Ваквата меѓусебна поддршка е многу важна. Мора да се трудиме да се вмрежуваме, да си помагаме меѓу себе“, рече д-р Валентина Илиева претседател на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола.

уци

„Таки Даскалот“ е едно од училиштата чија библиотека се збогати со книги на германски јазик. И во ова школо секоја година расте интересот за негово изучување.

„Интересот за изучување на јазикот е доста голем последниот период засилен уште повеќе со тоа што Германија им нуди на младите отворени врати и можности за студирање и работа. После англискиот, втор јазик по застапеност во нашето училиште е германскиот. Од пред неколку години се воведе како предмет и во стручните насоки, а особено интерес има во угостителско-туристичката струка и текстилната. Претходно се изучуваше само во гимназиските паралеки. Овие книги ни се први на германски јазик, досега не сме имале можност да имаме такви , па учениците ќе можат да ги причитаат. Добивме и работни листови , па ќе можем да подготвиме и работилница на германски јазик“, рече професорката Елена Сотиров.

уци2

Претседателката за Здружението, Валентина Илиева рече дека тоа постои 27 години и досега имаат реализирано 213 активности од кои голем дел насочени за поддршка на наставниот кадар по гемански јазик. Нивни блиски соработници се и професорот Петар Рауф, почесен член на Здружението и професор по германска книжевност, како и совтеникот Франц Вернер. Давјцата учествуваа на семинарите што ги организираше битолското здружение во Битола, Прилеп, Охрид за поддршка на младите професори по германски јазик.

ици3

„Ако се вратиме пред 27 години, на пример во 1996 година германскиот јазик не беше на завидно ниво, беше застапен во многу малку училишта , мислам во едно основно улчилиште, а од средните се собираа учениците од Економско и Гимназија за да се направи еден клас. Но, со интензивираната соработка на нашата држава со Германија и со отворањето на Амасадата во Скопје, соработката на економски план, на научно и образовно ниво, интересот за германскиот јазик многу порасна. Со појавата на нашето Здруежние германскиот јазик стана позастапен во училиштата во Битола. И денес скоро да не постои ни едно училиште каде нема настава по германски јазик. И благодарение на тој голем интерес имаме и многу млади професорки кои се вработени во училиштата да го предаваат јазикот“, додаде Илиева.

b44e09b1 575d 47d1 8975 82ceb30dc3b7

60c9f350 1708 4a68 aa0a c721b22d9833

3e4ad2f0 7681 416e 93ca b3e469df1f0d

a5b597e4 2949 4d8c 9014 41689a5b7939

97b85f11 a068 47aa a51e 1b982f961daf

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани