2win800x200

ОПШТИНА БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ПРОЕКТИ

Јули 21, 2023
Општина Битола, продолжува да работи на реализација на предвидените проекти за кои согласно буџетот, обезбедени се потребните средства. Во согласност со здравствените препораки, се работи во раните утрински и вечерните часови.
Од вечерва започна обележувањето на хоризонталната сигнализација со новата машина и опрема набавена од страна на јавното претпријатие за паркирање во соработка со Општина Битола.
Секретарот на општината Борче Димитровски и директорот на ЈППЈЛП, Зоран Михајловски, извршија увид на вечерните работни активности кои се реализираат на сообраќајниците во градот, а Димитровски информираше и за проектите на кои во моментот работи општината.
„Општина Битола продолжува посветено да работи во интерес на граѓаните. Работиме посветено на реализација на инфраструктурните проекти. Последниот период се соочуваме со голем предизвик со новонастанатата ситуација со зголемените температури. Секако, внимаваме на препораките, но во договор со економските оператори со кои имаме склучени договори, се со цел навремена реализација на инфраструктурните проекти, а работиме на повеќе од 10 проекти, работното време се организира во раните утрински часови, попладне или во вечерните часови за да може да се задоволи потребната динамика. Тоа се оние проекти за кои се обезбедени средства преку изгласаниот и предвиден буџет. Така, во текот на утрешниот ден не очекува асфалтирањето на улица Зборска, за скоро ќе се реализира асфалтирање на улица СРУ 5, улица 16 та. Дел од проектите, до средината на месец август ќе бидат завршени.
Но, покрај проектите во инфраструктурата во соработка со јавните претпријатија, работиме заеднички и на осовременување и на возниот парк и на нивната опрема.
Така, денес започнуваме со бележење на хоризонталната сигнализација со новата машина која што е набавена во соработка со Јавното претпријатие „Паркинзи“, во вредност од 2.250.000 денари, што ќе овозможи и осовременување на нивните услуги, но и секако и зголемување на нивните приходи и ефективност во работењето. Покрај оваа машина, набавена е и дополнителна опрема за бележење на пешачките премини.
Исто така, кога зборуваме за осовременување на опремата, во тек е јавна набавка за камион за отпад за тесни улици за подобрување на јавната чистота низ улиците на Битола, како и 6 косилки и дополнителна механизација, а корисник ќе биде јавното претпријатие Комуналец.
Ова го правиме заеднички со јавните претпријатија за подигнување на квалитетот на услугите, но и поефективно и поефикасно одржување на јавните површини и остварување на нивната дејност, а во интерес на граѓаните на општина Битола“, изјави Борче Димитровски, секретар на општина Битола.
Директорот на Јавното претпријатие за паркирање, Зоран Михајловски, најави дека со новата опрема и машини, очекува значително да се зголеми квалитетот на бележењето на хоризонталната сигнализација.
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани