2win800x200

БИТОЛА СТАНУВА ПРВ ГРАД НА БАЛКАНОТ СО ТУРИСТИЧКА ПОНУДА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Декември 02, 2022

Битола станува прв град на Балканот, а и пошироко, со организирана туристичка понуда за лицата со попреченост. Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен „Мобилност“ и ГАУС Институт – Битола, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември ги промовираа алатките за пристапен туризам, наменети за лицата со попречености. Иработени се табли со туристичка сигналитика за 10 најзначајни културно-историски споменици во Битола наменета за лица со попречености, понатаму апликација за мобилни уреди – туристички водич за Битола за лица со попречености и печатен туристички водич за слепи лица и лица со оштетен вид.

317159671 2605898499553259 5211860709931325369 n

„Тактилна сигналитика која се состои од табли овозможува слепите лица преку допир да прочитаат како изгледа културно –историскиот споменик. Воедно тука е и туристичкиот водич за Битола напишан на Брајово пшисмо со тактилни слики преку кои лицата со оштетен вид можат да прочитаат за културно- историските споменици и трето најсовремена мобилна апликација за паметните уреди преку кој сите лица со попрчености кога се наоѓаат во близина на овие култуно-истоприски споменици ќе добијат зависно од нивната попреченост информација за објектот колку е пристапен, колку ката има, до каде можат да се качат и слично“, рече идејниот творец и проектант на алатките Игор Неделковски, кој воедно е и ректор на Битолскиот универзитет.

317451126 520115210167771 7183524297440605527 n

„Ова е капитален проект во кој се користат највисоки технологии наменети да им го олеснат животот на лицата со оштетен вид. Радикален чекор напред во остварување на правата на лицата со попреченост. Овие табли ќе бидат поставени на 10 историски споменици во Битола од Хераклеја , Завод и музеј, Офицерски дом, Католичќка црква, Саат кула , Свети Димитрија, двете џамии и Безистенот. Направени се на македонски и грчки јазик со Брајово писмо и со апликации за слушање“, рече Нико Јанков, претседател на „Мобилност“ Битола.

316962803 699618001426010 1649808940357981774 n

Градоначалникот Тони Коњановски рече дека проектот овозможува пристап до најзначајните културно-историски споменици во Битола, а ова значи уште еден влог за подобрување на можностите на лицата со попреченост а истовремено и поддршка на култнурнно-туристичката промоција на градот и нашите традиции.

„Битола првпат добива туристичка понуда за лицата со попрченост и тоа повеќе алатки за пристапрен туризам. Битола станува прв град на Балканот со организирана туристичка понуда за лицата со попреченост. Ќе овозможиме поставување на новата туристичка сигналитика согласно дополнувањата во програмата за урбанса опрема на одредените десет микролокации“, рече Коњановски.

317204020 607803427701538 6821935606252949340 n

317213844 822168072398020 8437603946115835446 n

317256960 535368321813236 5826866604211950076 n

317247714 1368706287194980 2486294561177464732 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани