2win800x200

Нашиот Алексеј Белевски се закити со златен медал во САД на натпревар за млади музичари

Април 28, 2024
Алексеј Белевски - V одд. од класата по пијано на проф.м-р Марија Шамоска Буџаковски е добитник на прва награда и златен медал на Интернационалниот натпревар за млади музичари во Њујорк, САД. Во силна конкуренција на учесници од 16 држави ширум светот, оценуван од 12 члена еминентна комисија на врвни пијанисти од САД, Австрија, Германија и Кина, младиот Алексеј беше избран да настапи на концертот на победниците во светски познатата сала Carnegie Hall во Њујорк.
Честитки за големиот успех на нашиот ученик Алексеј и на неговата професорка Марија за работата, посветеноста и љубовта која му ја дава секојдневно. Исто и за поддршката од неговото семејство за реализација на овој настап кој е од голема важност за неговиот пијанистички развој.
438848137 882893943638581 409474904167830770 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани