АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Друштвото на ликовни уметници на Битола како здружение има одиграно важна улога за развивање и афирмација на ликовната уметност во Битола во своето 47 годишно постоење. И секако е голем дел од културата и уметноста во Битола После Годишната традиционална изложба, следува отворањето на изложбата Цртеж и графика. На оваа изложба ќе се претстават 20 автори со 40 уметнички дела. Изложбата ќе биде поставена во КЦ Магаза Битола.
Отворањето ќе биде на 13 октомври во 19.30 часот. Изложените дела се изработени во периодот од 2020 и 2021 година. Техниката цртеж и графика е секогаш интересна за љубителите на ликовната уметност. Очекуваме голема посетеност на изложбата, која ќе биде отворена од 13-22 октомври. Се надеваме дека ќе има и организирани посети од учениците од основно и средно образование.
Изложбата ќе биде продажна со прифатливи цени на делата. Во продолжение пренесуваме дел од текстот за изложбата Цртеж и графика од почитуваниот графичар Владо Ѓорески Друштвото на ликовни уметници од Битола, со оваа изложба се обидува да направи изненадувачки подвиг на нова реконструкција и пресоздавање на она што така систематски и безмилосно е уништено во овие неколку децении. Во Македонија постоеја традиционални, годишни изложби на цртеж и традиционални изложби на графика.
Одржувањето и постоењето на оваа изложба не е само желба, верба и потреба, одржувањето на оваа изложба е наслушнувањето на се послабото ехо кое доаѓа од крикот на Ѓаконов, Бециќ, Гастон, Кризман, Ивковиќ, Шапут, Герловиќ, Траиковски, Ивановски, Ачески, Николов, Димовски, Чулаковски, Петровски, Манев, Кочовски, Кочевски, Ралевски, Асим, Михајловски...на сите генерации кои го создаваа феноменот на битолскиот ликовен круг. Друштвото на ликовни уметници од Битола, се осмели да проговори на еден заборавен јазик, се охрабри да трепери пред големите клаустрофобични студени sидови. Учесници на изложбата: Панде Петровски, Александар Поповски, Димитар Димитров, Елена Ѓоѓиевска, Валентина Илијевска, Анастасија Петрова, Сандра Котевска, Тони Чатле, Новица Трајковски, Николче Српчански, Владимир Симоновски,Нела Петровска, Тони Попов, Роберт Михајловски, Петар Кирановски, Илија Маџаров, Златко Крстевски, Димитар Балојани, , Дејан Макријоски, Александар Поповски. Голема благодарност за добиената поддршка од Министерството за култура, Градоначалникот на Општина Битола и СН Осигурителен Брокер АД Битола.