2win800x200

Шестиот пакет мерки со финансиска помош за угостителството и туризмот

Април 21, 2021

На вчерашната владина седница беше донесен Шестиот пакет антикризни економски мерки со вкупна предвидена вредност од 17,8 милиони евра, кој опфаќа поддршка за 10.000 компании и 60.000 вработени. Над 80 проценти (14,8 милиони евра) од средствата предвидени за мерките од шестиот пакет се наменети исклучително за фирмите од угостителството и туризмот.

Шестиот пакет на мерки е во насока на поддршка на дејностите кои беа делумно затворени со одлука на Владата, а со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширењето на КОВИД- 19, затворени со цел превенирање на ширењето на коронавирусот во текот на месец април 2021, како и подобрување на ликвидноста на компаниите. Владата креираше фер систем кој ги опфаќа следните мерки за:

- Угостителски објекти за послужување на храна, пијалаци и кетеринг;

- 30 проценти покриеност на просечните месечни приходи во 2019 и 2020 (на кои ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени со одлука) плус 15.200,00 денари по вработен (заклучно со 06.04.2021);

- Вредност 9,9 милиони евра – опфатени 6.000 компании со 17.000 вработени;

 -Ресторани за свадби, ивент индустријата, игротеки, ноќните клубови, приватните детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија;

- 30 проценти покриеност на просечните месечни приходи во 2019, плус 15.200,00 денари по вработен (заклучно со 31.12.2020);

- Вредност 2,5 милиони евра – опфатени околу 1.200 компании;

- Финансиска поддршка за категоризираните туристички агенции – А категорија до 5.000 евра, Б категорија до 2.000 евра;

- Вредност 1,4 милиони евра;

 -Туристички водичи и музичари;

- Финансиска поддршка во вредност од 30.750,00 денари;

 - 50.000 бесплатни ПЦР тестови за странските туристи во земјава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани