2win800x200

Скринингот за коронавирусот продолжува и со новинарите од внатрешноста

Јули 06, 2020
 
Здружението на новинарите на Македонија побара од Министерството за здравство да се организира бесплатен скрининг за новинарите и медиумските работници за коронавирусот. Во таа насока ЗНМ  известува дека скринингот продолжува и се проширува, односно сега ќе ги опфати и новинарите и медиумските работници од другите градови. 
 
Секој новинар кој е заинтересиран за да направи скрининг, потребно е да го исконтактира локалните медицински центри/болници од својот град и да договори термин за вршење на контролата. Новинарите и медиумските работници кои ќе сакаат да го направат скринингот со себе треба да носат документ за лична идентификација, како и прес-картичка. 
 
ЗНМ Уште еднаш ги потсетува новинарите  при вршење на своите работни обврски да се заштитат максимално и да ги почитуваат сите протоколи. 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани