Во Битола денес нема новозаболени од коронавирус

Јули 05, 2020

Во Битола денес нема нови евидентирани болни со КОВИД-19. Во последните 24 часа во земјава се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 53
- Куманово 4
- Дебар 6
- Штип 3
- Прилеп 6
- Тетово 8
- Струга 13
- Велес 1
- Охрид 8
- Гостивар 5
- Пробиштип 1
- Свети Николе 1
- Кичево 4
- Ресен 2

Починати се 7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица.

- Скопје 26
- Велес 2
- Гостивар 3
- Кичево 3
- Ресен 6

Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани