2win800x200

Бронзен медал за Мила Ивановска на Меѓународната олимпијада по природни науки во Холандија

Декември 11, 2017

Со бронзен медал на Меѓународната  јуниорска олимпијада за деца до 16 години IJSO-2017  Холандија, се закити нашата битолчанка  Мила Ивановска (14) , ученичка во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола.

Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки годинава започна на 3 декември  и трае се до утре во градовите  Арнхем и Најмеген, Холандија.

Ивановска е единствената од шесте натпреварувачи од Македонија кои настапија во два тима по тројца натпреварувачи  (двајца ученици од Битола и по еден од Скопје, Охрид, Прилеп и Гевгелија), која успеа да освои трето место и бонзен медал на напреварот по физика, хемија и биологија одговарајќи три дена на прашања и задачи, а еден ден бил посветен на екперименти.

Ивановска и вториот натпреварувач од Битола, Леонид Сајков за натпреварот беа подготвувани од професори од Гимназијата во Битола како и професори од Институтот за физика, биологија и хемија  при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Шесте ученици победија на Првата македонска олимпијада по природни науки, која се одржа кон крајот на август на ПМФ, а ја организираа Друштвото на физичарите на Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД).

Околу патните трошоци за нашите натпреварувачи се погрижи и Агенцијата за спорт и млади. Инаку Ивановска и догодина може да учествува на истиот напревар кој ќе се одржи во Боцвана, Јужна Африка.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани