Битолчанката Искра Нечаковска замина за Колумбија на Меѓународна олимпијада по физика

Јули 04, 2026

Битолчанката, нашата Искра Нечаковска денеска замина за Колумбија на Меѓународна олимпијада по физика!!! Македонските олимпијци повторно се подготвени да ги одмерат своите знаења со најдобрите млади физичари од светот, објави Друштвото на физичари на Македонија.

Денес тимот замина за Букараманга, Колумбија, каде од 4 до 12 јули 2026 година ќе учествува на 56. Меѓународна олимпијада по физика.

Македонија ќе ја претставуваат:

- Искра Нечаковска, IV година, СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола
- Андрија Младеновиќ, III година, ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје
- Панче Крстев, III година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Карпош, Скопје
- Андреј Доневски, III година, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово
- Михаил Шапчески, IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Карпош, Скопје

Водачи на тимот се:
- проф. д-р Ламбе Барандовски – редовен професор на ПМФ во Скопје и претседател на Друштвото на физичарите на Република Македонија
- д-р Христијан Кочанковски – претседател на Комисијата за натпревари при ДФРМ

"Искрена благодарност упатуваме до Природно-математичкиот факултет – Скопје и Институтот за физика за континуираната поддршка и обезбедените услови за подготовка на олимпијците.

Учеството на македонскиот тим на 56. Меѓународна олимпијада по физика е поддржано од Министерството за образование и наука, кое во целост ги покрива трошоците за котизација и патување, објави Друштвото на физичарите на Република Македонија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани