2win800x200

Граматковски вели се' што било кажано за ратракот е невистина-"Стрежево" јавните набавки ги спроведува законски

Април 20, 2024
Наводите изнесени од техничкиот министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО ДПМНЕ кои се однесуваат на јавната набавка на ратрак во 2019 година, ЈП Стрежево целосно и категорично ги отфрла како невистинити!, објави директорот на ЈП „Стрежево“ Методија Граматковски.  
 
ЈП Стрежево и вработените во претпријатието, ја спроведоа постапката без ниту една дамка и не прекршиле било каква одредба од македонското законодавство. Тоа лесно и едноставено ќе се докаже пред надлежните институции во кои верувам дека нај професионално ќе си ја завршат својата работа
Јавните набавки што за некои политичари се спорни во овие чувствителни политичко – општествени моменти за државата, ги воделе вработени со различен стаж во претпријатието и со различна провениенција, но професионалци во својата работа, кои нема да потклекнат под притисокот за добивање на ситни дневно – политички поени на различни политички чинители.
Нема да потклекне ниту Јавното претпријатие Стрежево бидејќи Стрежево е успешна приказна за Битола со четиридецениска традиција!
Јавното претпријатие Стрежево и во минатото било предмет на напади на различни чинители, но секогаш излегувало посилно. Така ќе биде и овојпат!
После изградбата на првата своја фотоволтаична централа, ЈП Стрежево работи на изградба на систем за вештачки снег, прв во историјата на ски центарот Ниже Поле и прв на падините на Пелистер.
ЈП Стрежево континуирано работи на подобрување на условите за работа на своите вработени и во континуитет им ја зголемува платата, ги подобрува условите за корисниците на вода, вложува во човечкиот и во инфраструктурниот потенцијал што го поседува.
Смислени и тенденциозни напади кон директорот, Методија Граматковски и кон претпријатието нема да не поколебаат да ги реализираме сите проекти кои носат просперитет за Стрежево, за Битола и за Пелагонија!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани