2win800x200

Горната гимназија со изложба посветена на 80 години од завршувањето на Втората светска војна

Април 15, 2024

 

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ - Битола има значајна меѓународна соработка со училишта од повеќе земји во Европа, но најдолгата соработка е со регионот Нормандија од Република Франција. Во изминатите 15 години беа остварени повеќе размени на средношколци и околу 500 ученици од двете страни беа дел од овие размени. Продолжувајќи ја традицијата и соработката, во изминатата недела, гости на Гимназијата беа учениците од средното училиште „Тома Песке“ од градот Кутонс. Покрај нивното дружење, претставувањето на културата, историјата и традицијата на Битола и Македонија. Ученците заедно со своите професори изработија изложба „Нормандија – Македонија“, сеќавање на ослободувањето преку фотографии“.

Шеесеттина ученици од двете гимназии, во изминатите неколку месеци, истражуваа и изработија изложба со која беа одбележани настаните во Франција и Македонија во текот на Втората светска војна, со што се одбележа еден голем јубилеј, 80 години од истоварувањето на Нормандија и ослободувањето на Франција и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, формирањето на Македонската држава и секако и ослободувањето на Македонија. Преку седумдневната размена, учениците развиваат интеркултурни компетенции за меѓусебно разбирање, толеранција, прифаќање на различностите во европските култури и градење на мостови на пријателства кои траат.434385240 1135212850847614 6147572528722460581 n

Во текот на Втората светска војна, најсилниот отпор во Европа против фашистичката окупација бил создаден во Југославија, на Балканот. Главната причина е суровото однесување на германската окупациска власт кон локалното население. Со тоа и самата придонесувала за зголемување на бројот на млади луѓе кои се вклучувале во партизанските одреди. На чело на партизанското движење во Југославија бил Јосип Броз – Тито.

434612697 1497858667749500 8462545340030618036 n

Во Македонија како дел од тогашната Југославија исто така се развило силно партизанско движење, чиј водач бил генералот Михајло Апостолски, кој во 1944, командувал со војска од 66 000 партизани. Отпорот во Македонија е поврзан и со борбата за создавање на држава на македонскиот народ.

434614199 1326985444648310 1595411300433562647 n

Не смее да се заборави на депортацијата, егзекуциите и истребувањето на Евреите и Ромите низ Европа, бројот на цивилни жртви далеку го надминува бројот меѓу војниците. Македонија го загуби скоро цело еврејско население во Холокаустот во март, 1943 г., бугарската држава собира и депортира од Македонија 7 144 Евреи од Битола, Штип и Скопје во логорот Треблинка – ниту еден од нив не го преживеал логорот.

435013230 440359881843255 2105343830836226385 n

Втората светска војна има посебно место во историјата на Македонија. Македонците и другите народи кои живеат во Македонија, борејќи се успеаа да создадат своја држава после војната. Во август, 1944 г. беше одржано Првото заседание на АСНОМ, односно на првиот македонски парламент кој донесе одлука за созадавање на држава на македонскиот народ во која ќе се почитуваат правата на сите народи кои живеат во неа, без разлика на нација и религиска припадност.

Сеќавањето на ослободувањето на Европа е заеднички, историски и меморијален проект, дел од јубилјните 80 години од истоварувањето во Нормандија и созадавање на македонската држава како дел од училишната размена меѓу Гимназијата „Јосип Броз – Тито“ – Битола и Средното училиште „Тома Песке“ од Кутонс. Користејќи фотографии, архиви, образовни сајтови, учениците имаа задача да документираат, работат во тимови, да го истражуваат овој историски период.
Целта на проекетот беше полесно да се разберат големите офанзиви за ослободување на Европа – отворање на фронт на запад, ослободување на Црвената армија на исток и да му се помогне во зајканување на југословенскиот отпор.

435110333 1382370692335053 5073193844302557946 n

насмма

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани