2win800x200

ПРОЛЕТНО РАЗУБАВУВАЊЕ НА НОВИОТ ПАРК ВО НОВА БИТОЛА

Март 21, 2024

Засадување на нови садници, придружено со весела детска песна и пролетни креации изготвени од вредните детски рачиња, денес го разубавија Новиот парк во Нова Битола, како дел од активностите на општинската акција „Недела на пролетта“.

Јавното претпријатие Комуналец, продолжи со хортикултурно уредување на просторот, а најмладите од ЈОУДГ „Мајски цвет“, во рамките на своите едукативно воспитни содржини, имаа можност директно да се запознаат со придонесот кој може да го даде човекот во периодот на заживување на природата. На овој начин, кај децата се поттикнува и одговорноста, но и грижата за животната средина, која може да биде убава, исто онака како што ја замислуваат и посакуваат најмладите, а денес најдобро ја отсликаа низ изработките направени заедно со нивните учителки.

Со ваквото хортикултурно уредување, кое ќе продолжи и следните денови, Битола добива нов парк, на кој најмногу ќе се радуваат децата, но ќе биде прекрасно место за одмор и прошетка на сите генерации.

Можно е да е слика од 6 луѓе

Можно е да е слика од 2 луѓе, трева, дрво и цитаделата Saqsaywaman

Можно е да е слика од 1 лице

 

Објавено од А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани