„ ЗАШТИТИ СЕ! “ ЗБОРУВАЈ ГЛАСНО! ОПШТИНА БИТОЛА СО ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА КАКО ДЕЛ ОД КАМПАЊАТА 16 ДЕНА АКТИВИЗАМ ПРОТИВ РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

Ноември 30, 2023
Општина Битола, како општина која води посебна грижа за родовиот аспект во имплементацијата на програмите, како и за еднаквите можности на сите граѓани, активно се вклучува во Кампањата која се спроведува на глобално ниво, а започнува на 25 Ноември со Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените и завршува на 10 Декември со Меѓународниот ден за човекови права и е наречена 16 дена активизам против родово базирано насилство.
По тој повод, денес беше организирана Јавна панел дискусија со слоган „ Заштити се! “ Зборувај гласно!, на која панел дискусија како говорници зедоа учество Градоначалникот на Општина Битола г-дин Тони Коњановски, Претседателката на Советот и Претседателка на комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола г-ѓа Габриела Илиевска, Психијатарка во семејно советувалиште „ Одраз “ и женски центар за поддршка Битола г-ѓа Гордана Ристевска Димитровска, г-ѓа Елена Димушевска како претставничка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и г-ѓа Ирена Димовска жртва на семејно насилство.
Во своето излагање градоначалникот ја потврди поддршката која Регионалниот советувалишен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на семејно и родово базирано насилство во Битола ја добива и ќе ја добива во иднина од Општина Битола, Советот на Општина Битола, а посебно од Комисијата за еднакви можности и нагласи дека иницирана е поддршка за развој на женското претприемништво, затоа што економската сигурност е од клучно значење во процесот на спречување на сериозни последици за жртвите на насилство.
Во изминатата година помош од Центарот за поддршка на жртви на семејно насилство, побарале 29 жени и 28 малолетни деца.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани