2win800x200

Седнуваат зад волан мортус пијани-полицијата синоќа фати 51 алкохолизиран возач, двајца се рекордери со над 2 промили алкохол

Јули 09, 2023

2,17 и 2.05  промили алкохол во крвта,  толку покажал  дрегерот  на полицајците кои синоќа ги стопирале  и побарале да измерат дали овие возачи  управуваат  моторно возило под дејство на алкохол.  Двајцата  се  рекордери  меѓу 51  пијани возачи кои синоќа од 23 до 5 часот ги сопрела полицијата на територијата на СВР Битола кога беше  спроведена  засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. 

За време на контролата биле санкционирани и 47 други видови прекршоци.


Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, велат од СВР Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани