2win800x200

Со конвенција по прва помош во Битола одбележан Светскиот ден на првата помош

Септември 17, 2022

Во организација на Црвениот крст на Македонија, во соработка со општинската организација на Црвениот крст и општина Битола, денес се одржа Конвенција по прва помош на која учествуваа општинските организации на Црвениот крст од целата држава. На настанот кој се реализираше по повод Светскиот ден по прва помош, беа промовирани културата и традицијата на општините учеснички во активностите, а беа претставени и показни и симулациски вежби по прва помош на 14 локации, од Саат кулата до Офицерскиот дом. Граѓаните имаа можност да се едуцираат за прва помош при спасување на живот, белодробно оживување, прва помош на скршеници, помош при епилептични напади.

Присутните гости и градоначалници од другите општини, ги поздрави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласувајќи ја важноста на ваквите активности за брза  и соодветна реакција во ситуациите во кои може да биде загрозен човечкиот живот. Градоначалникот Коњановски, истакна дека на овој начин се зајакнува и унапредува добрата соработка на локалната самоуправа со општинската организација на Црвениот крст, со која општината реализира повеќе проекти во интерес на граѓаните, кои се однесуваат на различни програми од здравствено – превентивен, социјално – хуманитарен и едукативен карактер.

konvencija po prva pomos 09

konvencija po prva pomos 17

konvencija po prva pomos 19

konvencija po prva pomos 49

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани