2win800x200

ЛДП го повикува градоначалникот Коњановски да организира јавна дебата за "Парк" и велосипедските патеки

Октомври 19, 2023

Либерално-Демократската Партија внимателно ги следи сите нови моменти околу проектот Парк и велосипедските патеки. 

 

 
Бараме од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски час поскоро да ги повика сите релевантни политички партии и граѓански здруженија на јавна дебата каде ќе се дискутираат сите аргументи од двете страни.
 
Битолчани мора да знаат што се случувало околу измената на проектите и плановите поврзани со грантот од Европска Унија за овие  проекти.
 
Крајно време е да се засукаат ракавите и сите ние да се вклучиме во вакви  ситуации, се со една цел, да им понудиме на Битола и битолчани решенија и проекти кои ќе бидат за добробит на сите нас.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани