2win800x200

Известување од Општина Битола во врска со обвинувањата од СДСМ

Мај 09, 2023

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОПШТИНА БИТОЛА ВО ВРСКА СО ИЗНЕСЕНИТЕ ОБВИНУВАЊА ОД СДСМ

Како транспарентна општина која работи на подобрување на состојбите во сите области во надлежност на локалната самоуправа, општина Битола, јавно и транспарентно ги објавува резултатите од сите јавни повици. Ова се однесува на повиците од Програмата за животна средина (енергетски ефикасни домови, субвенции за велосипеди, клима уреди), Повиците поврзани со Програмата за култура, Програмата за спорт и млади, како и други повици кои се реализираат преку општинските програми. Предлог одлуката за избор ја изготвува стручна комисија, врз основа на јасно дефинирани критериуми и со соодветни образложенија, што е случај и кај јавниот повик од Програмата за култура, за кој денес беа изнесени „етикетирања“ на личности со докажани културни достигнувања и реализирани проекти.

Износот за одобрените проекти, од страна на комисијата е предложен согласно образложението за трошоците во доставената апликација, обезбедените средства од други извори на финансирање, како и периодот потребен за имплементација на проектот.

Општина Битола, нагласува дека културата не познава политички партии и затоа истите мора да останат надвор од неа, на што оваа локална самоуправа континуирано работи и што е многу лесно видливо од целосната листа на одобрени проекти и апликации, каде подеднакво застапени се симпатизери или членови на сите политички партии, зошто сите тие се граѓани на Битола. Партиската припадност во ниту еден повик не е критериум за избор и истото треба да остане понатамошна пракса во работењето.

Обезвреднувачки да се „етикетира“ културен уметник или да се негираат неговите светски признати достигнувања, независно на која политичка партија припаѓа е удар врз сопствениот културен идентитет.

Во општина Битола мора да има култура, спорт, субвенции за подобрување на животната средина, подобра инфраструктура, помош за повеќе категории граѓани на кои им е неопходна. Ваквите проекти немаат партиска боја, туку визија за подобра иднина на Битола, на чија реализација, градоначалникот Тони Коњановски и општинската администрација активно работат, а поддршката од граѓаните е најважната потврда за тоа.

Апелираме, политичките партии, во случајот СДСМ, да не ги злоупотребуваат и омаловажуваат вредностите со кои располага Битола, затоа што само на тој начин, заеднички ќе успееме во целта: Битола да биде поубаво место за живеење.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани