2win800x200

ВМРО-ДПМНЕ Битола: Во битолскиот затвор сé се распаѓа

Ноември 29, 2022

 

 Интегрален текст од прес конференцијата на Васко Мавровски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола
 
Почитувани, ова се факти, не се обични клеветења и измислици во нивни стил, а за тоа сосема логично е да понесат одговорност.
 
Тоа што понизниот Крајовски е очајно лош лидер на локалните сдсовци, на крајот и нека биде нивни проблем, ама за потрошени европски пари и пари на граѓаните, се одговара.
 
Неспособност, криминал, корупција, неодговорност, незнаење, сите овие зборови се атрибути кои целосно го отсликуваат владеењето на локалниот лидер на СДС, кој е и прв човек на една многу чуствителна институција битолскиот затвор - Драган Крајовски.  
 
Само пред две и пол  години Крајовски се сликаше и покажуваше дека затворот е реновиран, а сега буквално таваните се уриваат од влага, ѕидовите се ронат, а пречистителната станица, не е во функција.
Се во затворот се распаѓа. 
 
Се распаѓа. 
Потрошени се милион евра, од кои 750 илјади евра се директни европски пари, а остатокот, наши - пари  на граѓаните.
Шефот на одделението за економски работи при делегацијата на Европската унија, кој што беше на отварањето на "реновираниот" објект, сигурно би останал во чудо, дека и покрај вложените пари условите во битолскиот затвор не се подобрени и дека реченицата од неговата изјава во односната прилика, цитирам: „Многу е важно овој објект да се одржува за да остане таков каков што е“, завршен цитат, останала неразбрана.
 
Почитувани, прашуваме каде и како завршиле парите наменети за реконструкција и реновирање на затворот, дали едноставно само завршиле во приватни џепови, па така квалитетот на изведбата паднал во последен план. 
Ја користиме, исто така, приликата да ги повикаме релевантните институции да реагираат по допрен глас и да проверат, како се потрошени толкав износ пари  - еден милион евра, а само по две и пол години се да биде распаднато.
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани