2win800x200

Битолската библиотека утре ќе го одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Февруари 20, 2018
 

Оваа година Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола во соработка со  ОУ „Даме Груев“ – Битола го одбележуваат Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Утре (среда), 21 февруари 2018 година, со почеток во 12 часот во просториите на библиотеката ќе биде  прикажан документарниот  филм за Кирилицата и Словенската писменост во Македонија, а ќе има кратко обраќање од страна на директорката на НУУБ „Св.Климент  Охридски“ – Битола, Јелена Петровска.

Свое излаѓање ќе има м-р Билјана Герас на тема „Мајчиниот јазик – наш идентитет и наша култура“.

Модератор на настанот е Божидар Николовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани