Согласно член 1 од Правилникот за измени и дополненија на Правилникот за критериуми и постапка за давање на стан, гарсењера под закуп бр: 02-48/2/2 од 22.02.2022 година, Здружението на пензионери Битола објавува:
ОГЛАС
За издавање под закуп на една гарсоњера на ул. Булевар 1ви Мај бр. 268/56
- Здружението на пензионери - Битола располага со слободен стан (гарсењера) во зградата на ул. Булевар 1ви Мај бр. 268/56
- За учество на огласот заинтересираните пензионери треба да достават молба до Здружението на пензионери Битола.
- Кон Молбата се приложуваат следните документи
- Талонче од последна исплатена пензија
- Уверение за матерјална состојба
- Уверение за семејна состојба (кај Нотар)
- Уверение од Агенцијата за недвижности (Катастар) дека не поседуваат куќа или стан во сопственост
- Огласот ќе биде објавен во весникот „Битолски весник“ (на македонски и албанск јазик), интернет порталот „Апла“ FACEBOOK страната на здружение на пензионери Битола и ТВ „Тера“.
- Молбите се доставуваат до Здружението на пензионери Битола лично до стручната служба или преку пошта на адреса ул. Булевар 1ви Мај бр. 268 од 05.02.2024 до 09.02.2024 година.
Здружение на пензионери - Битола
|