АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Успешно реализиран проектот за бесплатно мерење на притисок во очите и шеќер во крвта, како и давање соодветни консултации на пензионерите од Здружението на пензионери Битола, согласно склучениот меморандум за соработка на Сојузот на здруженијата на пензионери на РСМ и Специјализираната болница ,,Промедика офталмологија“- Скопје.
Заинтересираноста беше голема од страна на пензионерите за време на бесплатните лекарски прегледи и консултации спроведени на 7 декември во Битола. Оваа бесплатна услуга ја искористија околу 150 пензионери.
Пензионерите беа известени дека со овај меморандум кој важи до 31.01.2024 година има и други поволности за нив како на пример, супспецијалистичките прегледи , испитување на очното дно, операција на катаракта и други прегледи на очите во Болницата. Цената за услугите неманети за пензионерите ке биде намалена за 50% од редовната.