Анета Блажевска

Анета Блажевска

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до
сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на
законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и
негова регистрација во модулот за домашни миленици на
Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за
што се издава и пасош за домашен миленик. Апликацијата на
микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до
крајот на животот. Микрочипирањето е основа за дефинирање на
сопственоста на домашниот миленик, за обезбедување навремена и
квалитетна здравствена заштита на животните и поголема
безбедност за сопствениците, од аспект на пренесување на
заразните болести од животните на луѓето.
Сопствениците кои ги имаат микрочипирано домашните миленици
ги потсетуваме дека имаат законска обврска секоја промена во
однос на податоците за животното, или сопственикот да ја пријават
до надлежното ветеринарно друштво кое треба да изврши промена
во електронската база на податоци. Во базата на податоци треба да
се евидентира и угинувањето, губењето или купопродажбата на
животните.
Микрочипирањето на милениците има за цел трајна идентификација
на животните, спречување на нивно напуштање и контрола на
нивното размножување, но и нивно полесно пронаоѓање во случај на
губење или кражба.
Со почит,
Агенција за храна и ветеринарство

Вечерва започнува светиот месец Рамазан, период на пост, молитва и духовна посветеност за муслиманските верници. Со извршувањето на првата таравија молитва се означува почетокот на рамазанските денови, додека утре е првиот ден од постот. Рамазан ќе трае 29 дена, а верниците во овој период се воздржуваат од храна и пијалаци од изгрејсонце до зајдисонце, посветувајќи се на молитва и хуманост.

Крајот на постот ќе биде одбележан со празникот Фитр Бајрам, кој годинава се слави на 20 март.

Општина Битола во соработка со јавното претпријатие „Паркинзи“ со физички пречки, односно столпчиња означи пешачка патека од двете страни на дел од улицата „Св.Кирил и Методиј“ која води од кај градската библиотека кон зградата на поранешната општина, објави градоначалникот Тони Коњановски.

Со ова веќе нема да има паркирање автомобили кои го попречуваа движењето на пешаците, улицата е еднонасочна, а вертикалната и хоризонталната сигнализација ја обезбедуваат патеката за слободно движење на граѓаните.

СИНПЕКС Битола е компанија која го поддржува спортот во градот.

 
Синоќа, на манифестацијата „Избор на спортист на годината“, во организација на Сојузот на спортови на Битола, СИНПЕКС доби признание за компанија која континуирано го поддржува спортот.
 
Наградата ја врачи Ѓуро Илиќ на Христина Фуна - косопственик и финансиски директор на Синпекс. FB IMG 1771422934421
 
"Ова признание не е само благодарница.
Тоа е потврда дека инвестицијата во спортот е инвестиција во дисциплина, карактер и иднина.
 
Во време кога многумина зборуваат за поддршка, ние одлучивме да бидеме дел од системот што создава резултати, на терен, во сала, на големи шампионати и на патеките на кои се трча.
 Спортот не е трошок.
Спортот е стратегија.
 Честитки до сите спортисти, тренери и клубови кои ја прават Битола град со спортска енергија.
Ние ќе продолжиме да бидеме таму каде што се создаваат победници", објави  Христина Фуна FB IMG 1771422944189

Битолскиот народен театар ја најави најновата премиера – „Пламенка“, во режија на Софија Ристевска Петрушева, која ќе се одржи  на 19.2.2026 година на матичната сцена. FB IMG 1771333854800

 
На денешната прес конференција присуствуваше и авторот на истоимениот роман Петре Димовски, чија „Пламенка“ добива нов сценски живот.
 
На прес-конференцијата беше присутна дел од актерската екипа и креативниот тим, кои зборуваа за процесот, предизвиците и возбудата што ја носи оваа поставка, а исто така и директорот на Центар за култура Битола, Сашо Илковски, кој се потпишува зад креативите, фотографиите и видео материјалите.
 
„Пламенка“ не е само премиера – таа е средба на литературата и театарот, на авторот и сцената, на зборот и емоцијата. FB IMG 1771333863767

Денеска во Битола презентација на  Националната Стратегија за Зоолошки градини, што ја организираше Битолската зоолошка градина со експрети од ова објаст, а која има за цел остварување на неколку цели кои пак ќе не усогласат и со директивите на Европската унија. FB IMG 1771332835477

 
Стратегијата е изработена со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, а направена врз основа на длабинска анализа на зоолошките градини во Битола и Скопје.
 
Општина Битола на вториот повик на Владата аплицираше и беше одобрен проектот преку министерството за култура и туризам за изградба на објект на Терариум и објект на Копитари.
Изградбата на ново живеалиште за копитари е во вредност од 9.634.336 денари, а изградба на современ терариум во вредност од 8.994.667 денари.
 
Овие инвестиции се дел од заложбите на Општина Битола за подобрување на условите во Зоолошката градина, создавање на современ простор за животните и овозможување на поквалитетно, едукативно и забавно искуство за сите посетители.
 
Како Општина продолжуваме да вложуваме и да се грижиме за зоолошката градина. FB IMG 1771332844178

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани