Анета Блажевска

Анета Блажевска

Новата градоначалничка на Битола, Наташа Петровска, утре, среда, во 10 часот ќе влезе во Општина Битола и официјално ќе ја преземе функцијата градоначалник на Општина Битола. Од Општината  известија дека е најавено доаѓањето на новата градоначалничка , но не откриваат дали досегашниот градоначалник Владимир Талески ќе го изврши примопредавањето на кабинетот или тоа ќе  го стори т некој од вработените во општинската администрација.

Во општина Могила во вториот изборен круг силите ќе ги одмерат Јасмина Гулевска од коалицијата на СДСМ која претходно освои  1313 гласови или 35,31 проценти и Стевче Пивковски, независен кандидат позади кој застана и ВМРО-ДПМНЕ  со освоени 1415 гласови или 38,06 приценти во првиот круг. Разликата меѓу Пивковски и Гулевска е мала и со состои од 102 гласови.

Дали бившиот градоначалник на Битола, Владимир Талески ќе се врати во Битолскиот театар на старото работно место или засекогаш ќе ја напушти актерската професија?- Ова  се поставува како прашање пред битолската јавноста , откако му истече градоначалничкиот мандат.

Младиот и талентиран моден дизајнер од Битола, Андреј Папаз Ѓорѓиевски, вчеравечер во „Скопје Мериот Хотел“, со ревија на својата колекција „Подем на гревот“ го отвори шеснаесеттиот Моден викенд во Скопје

14

2

4

Екс градоначалникот, Владимир Талески, во петокот се збогувал со вработените во Општина Битола . Откако новата градоначалничка Наташа Петровска го доби уверението за градоначалник од ОИК,

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва беше гостин во емисијата „Седмица“ на ТВ Алфа, каде доцнел половина час. Додека одеше во програма интервјуто, на телоп имаше најава за филм  кој требаше да се емитува во тој термин  со наслов „Испрати го во пеколот“.

Во последните пет години ТИКА реализираше 580 проекти во Македонија, вели Сабри Демири, советник на претседателот на Република Турција во интервјуто за МИА што го направи битолчанецот Мартин Николовски, македонски студент по новинарство во Анкара.

Непознато лице со тврд предмет ги издупил столбовите од стиропор на новоизграденото кино „Манаки“ на Широк Сокак. Со ова повторно на виделина излезе вистината за градбата на киното, односно дека украсните орнаменти на фасадата не беа изградени од цврст градежен материјал, туку од стиропор.

Македонија спаѓа во групата на делумно слободни земји и значајно е да се отворат дискусии за слободата, беше истакнато на Регионалната конференција на „Студенти за слобода“која денес се одржа на Техничкиот факултет во Битола. Целта беше промоција на индивидуалните, политичките, економските, студентските, па и медиумските слободи.

-За слободата на Македонија постојат меѓународни мерења според кои, Македонија се наоѓаше во делумно слободни држави  во однос на почитувањето на човековите права и слободи, инаку во однос на значањето на слободата сите посткумунистички држави кои произлегоа од поранешена Југославија или од поранешните комунистички држави се наоѓаат во едно премрежје, односно пред предизвик како да ја третираат слободата. Тоа ние го гледаме во една Русија која во последните мерења гласи за неслободна држава, па во Унгарија , членка на ЕУ, кадешто постои значително намалување на слободата, па и во Турција која за многу брзо време падна во категоријата на делумно слободни држави со зајакнувањетио на политичката власт на актуелното раководство во Турција- рече проф. д-р Горан Илиќ, декан на Правниот факултет во Битола.

Никола Петровски, координатор на „Студенти за слобода“ во Македонија  рече дека  ова е прва конференција од ваков вид во земјава , но една од 18 конференции кои се организираат во Европа оваа година.

-Значајна е заради тоа што се отвораат теми кои ретко се зборуваат, теми за слободата опфатена од повеќе аспекти. Зборувавме за политичките аспекти на слободата, слободата на медумите, фриленс новинарството, легализација на канабисот. Во нашето работење најмногу го опфајќаме академска слобода. Доколку има слобода студентот да се изрази во академски дух, тоа ќе придонесе тој да се изгради во личност која ќе ја цени слободата и ќе придонесе за изградба на едно слободно општество- рече  Петровски.

На конферемнцијата главен говорник беше извршниот директор и виш истражувач на  Страјкер Пирс, Брајан О’Шеа, кој зборуваше на тема „Разоткривање на шпионажата“ и посочи одредени примери како може да се препознае разузнавањето и како да се заштитиме од истото.О’Шеа има повеќе од 20 години искуство во областа на истраги и разузнавање, работејќи како воен разузнавач за две специјални единици и две државни агенции.

На конфернецијата се отвори  и темата за медиумските слободи и слободното фриленс новинарство од Бил Вирц, фриленс новинар од Брисел и Љубица А. Манговска, новинарка и програмски менаџер на Тера ТВ.

Ектереното тестирање се укина. На Кембричот му се ближи крајот. И дел од учебниците во иднина ќе се менуваат. Но, ќе треба многу време образованието да се врати во колосек. А последиците од спроведениот експеримент ќе бидат трајни кај некои ученици. Дури претходната власт сееше страв со екстерното, ги товареше наставниците со административни работи, ги казнуваше, заборави дека образованието постои заради учениците.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани