
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈП Комуналец во соработка со Општина Битола и АД ЕЛЕМ Скопје – Подружница Битола, започнуваат со реализација на проектот насловен „За зелена Битола“. Со проектот предвидено е засадување на 3000 стебла садници, со што ќе се збогати зелениот фонд во општината, а истовремено се преземаат и конкретни мерки против загадувањето.
Од Противпожарната единица во Битола се сомневаат дека пожарот што утрово настанал во куќа на улица „Девеани“, а во кој изгореа мајка и 17-годишен син, можно е да бил предизвикан од вклучено грејно тело.Но сепак, точните причини ќе треба да се утврдат.
Мајка и 17 годишен син изгореа во пожар во сопствената куќа што избувна околу 4 часот утрово на улицата Девеани во Битола.
Битолчани денес имаа можност да испијат кафе со неколкумина мигранти и да позборуваат за нивните патешествија што ги минаа напуштајќи ги матичните земји. Неколкутемина бегалци на средбата дојдоа од прифатните центри во Табановце и Гевгелија, а не од Битола зашто во нашиот град ги нема.
Долно Дупени ги зачува старите камени градби, препознатлив белег на ахритектурата во Преспа.






РК "Пелистер" заедно со навивачката група "Чкембари" ја покажаа својата хуманост на дело. Тие денеска донираа огревно дрво и прехрамбени продукти на 62 годишната битолчанка Љуба Поповска , која преживува од скромна социјална помош од 1400 денари.
Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Зоран Шапуриќ кој е задолжен за регулативата за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, вчера попладне ја посети oпштина Битола, и оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска. На средбата, Петровска детално го запознала министерот со финансиската состојба во која се наоѓа општината, а разговарале и за насоките во кои е предвидено понатамошно делување со цел создавање на поволна бизнис клима за понатамошен развој и напредок на домашните претпријатија, како и за мерките кои се предвидуваат со цел подобрување на инвестициската клима за отворање на нови домашни претпријатија.
За утре во Битола е најавен настан за размена на мислења и подигнување на свеста за мигрантите и бегалците како проект на УСАИД. Настанот „Кафе со бегалците и мигрантите” ќе се одржи во кафулето Интермецо со почеток во 11 часот.
На овој настан според најавата присутните ќе имаат можност да погледнат емотивно видео во кое неколку баратели на азил во Република Македонија ги споделуваат нивните искуствa, по што ќе се отвори простор за разговори во кои секој присутен ќе има можност да ги сподели своите ставови, мислења или стравови за бегалците, мигрантите и бегалската криза.
Целта на овој настан е да се подигне свесноста за искуствата со кои се соочуваaт овие лица за време на нивното патување, меѓу кои и потенцијалната опасност да станат жртви на трговија со луѓе, како и да се намали жигосувањето на оваа група на граѓани.
Овој прокет се спроведува од страна на Македонско здружение на млади правници во соработка со Здружението на граѓани за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта.
Мери Стојанова, етнолог виш кустос е новиот ве-де директор на Завод и музеј Битола. Таа доаѓа на местото на историчарот д-р Александар Литовски кој оваа функција ја извршуваше од август минатата година.
Стојанова која е доктор на науки досега се истакнала со бројни реализирани проекти и изложби, документарни филмови од областа на етнологијата, традицијата, занаетите и народното творештво.
Советниците од советничката група „Поинаку“, денеска на прес конференција презентираа дел од она што сработиле на седниците на општинскиот Совет, во иминатите 100 дена од неговото конституирање.