
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од Општината соопштија дека за ист случај за легализација на дивоградба, во изминатите години една општинска служба го завршувала процесот и се чекал уште потписот на градоначалникот, а друга констатирала дека објектот бил бесправно изграден подоцна од законскиот термин, поточно по 2011 година.
Со цел поголема безбедност во сообраќајот, од Општина Битола рамислуваат во иднина да се подигнат странични ѕидови на обиколницата во делот што минува низ дивата ромска населба. Во тој дел магистралниот пат е претворен во депонија со расфрлен и запален смет.
Генералниот секретар на СДСМ, битолчанецот Александар Кирацовски, како пратеник е составен дел од македонската делегација која престојува во САД, а ќе има можност да присуствува и на Молитвениот појадок во Вашингтон каде се очекува да биде и претседателот на САД, Доналд Трамп.
Врнежите од снег вечерва предизвикаа проблеми во сообраќајот на некои патни правци, посебно на планиските превои.
Обиколницата над Битола, која е дел од магистралниот пат Охрид-Битола-Прилеп и натаму не е во функција поради ново свлечиште, кое се појави, додека се санираше стариот одрон од ридот. Иако беше најавено дека привремено решение ќе биде поставување на семафори, со кои сообраќајот би се одвивал наизменично, по една коловозна лента, со цел тешките товарни возила да не транзитираат низ градот и доплнително да го загадуваат воздухот, сепак, ваквото решение со појавата на новото свлечиште не можеше да се реализра. Од јавното претпријатие за државни патишта, велат дека заради безбедност на возачите и минувачите, полицијата и изведувачот одлучиле обиколницата да не се отвора за сообраќај.
На 6 февруари 1945 година во битолската Гимназија, за прв пат во едно македонското средно училиште се одржа наставен час на современ македонски јазик. Овој датум е неизбришлив и длабоко врежан во поновата историја на македонскиот народ. Од наредниот ден, на македонски, почна да се предава и во другите тогашни средни училишта.
„Србија никогаш не се мешала во односите меѓу Македонија и Грција. Ние ќе го почитуваме сето она за што ќе се договорат во тој поглед. Република Србија ѝ сака секое добро на Македонија како на наш непосреден сосед, наш традицонален пријател и тука работиме и се трудиме нашата соработка да биде подобра. Искрено се надеваме дека и тоа прашање Македонија заедно со Грција ќе успее да го реши и целиот регион да се сврти напред, имаме сега историска шанса од ЕУ за Западен Балкан, ни отвори можност сите со своите напори да го оставриме она што е стратешка цел на секоја земја на Балканот, а тоа е членство во Европската Унија“, рече амбасадорката
Амбасадoрката на Република Србија, Душанка Дивјак Томиќ, при денешаната посета на Општина Битола изјави дека со градоначалничката Наташа Петровска разговарале заедно да работата на развивање на меморијалниот туризам посебно во периодот кога се одбележуваат сто години од крајот на Првата светска војна.
Пелагонискиот регион е на прво место во земјава по морталитет од малигни неоплазми во 2016 година покажа истражувањето на Институтот за јавно здравје во Република Македонија. Според објавените податоци, Пелагонискиот регион предничи по бројот на смрттни случаи од рак сметано на 100 000 жители по статитички региони во Македонија.