
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Новата општинска установа од областа на културата ќе отвори простор за што подобра искористеност и одржување на Киното „Манаки“ и Офицерскиот дом во Битола, рече градоначалничката Наташа Петровска. За формирање на новата установа советниците ќе расправаат во четврток на седница на Совет.
„Со новата јавна установа за култура ќе отвориме простор за менаџирање на објектите кои ќе бидат ставени во функција, Киното ‘Манаки’ со оремата и сите зафати од над 200 000 евра што ги вложи оваа локална самоуправа и Офицеркиот дом кој се реставрира. Решивме дека најдобро ќе биде со поставување на менаџмент кој целосно ќе се грижи за објектите, заштитата, нивната самоодржливост, успешно функционирање, како и за нивниот придонес кон туризмот во Битола бидејќи имаме голем потенцијал, а за жал години наназад тој не бил искористен“, изјави градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Членови на битолскиот огранок на Социјал демократскиот сојуз и граѓани со цел да дадат придонес за ублажување на економската криза обезбедија прехрамбени продукти и хемиски средства за хигиена кои како донација му ги донираа на Здружението на пензионери од Битола. Спакувани во педесет пакети донацијата ја прими претседателот на здружението на пензионери од Битола, Томе Димитровски. Тој заедно со членови на извршниот одбор на Здружението на пензионери донацијата му ја предаде на Општинскиот одбор на Црвениот крст кој преку своите волонтери ќе им ја достави на пензионери со ниски примања и социјални случаи. Се очекува ваквиот отег да биде пример и други асоцијации и поединци да дадат придонес за намалување на последиците создадени со пандемијатаи коронавирусот.

Претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, на својот ФБ профил објави фотографии на кои може да се види како изгледа внатрешноста на Офицерскиот дом во Битола во оваа фаза од реставрацијата, која се изведува со 1 милион евра, пари од ИПА 2 програмата на ЕУ.
Центарот за јавно здравје прави епидемиолошки анкети со контактите на вработениот во детска градинка во Битола кој е позитивен на КОВИД-19. Никој нема да биде исклучен од изолација доколку имал контакт со заболениот, инфомрираат од ЦЈЗ за апла.мк.


Атмосферата во Битола овој петок беше замаглена од песок и прашина, а времето мачно и спарно. Според метео прогнозерот Славчо Поповски надвор температурите се повисоки од просечните дури и за околу десет степени, а тоа се должи на многу топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка кон земјава. Како последица на облакот од Африка во водухот има значително присуство на прашина и песок која доаѓа од Сахара.
Викендов продолжува топлото време, а утре (сабота) според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи Битола ќе биде еден од трите најтопли градови во земјава. За Битола, Гевгелија и Демир Капија се прогнозира максимална температура до 34 степени.
ЈКП "Водовод" Битола ги известува граѓаните, дека повремените прекини во водоснабдувањето на улица "Илинденска" се предизвикани од друг изведувач, фирма ангажирана од Министерството за транспорт и врски за промена на водоводната мрежа.