
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денес е Денот на пчелата, а учениците од одделението IV б од Основното училиште „Елпида Караманди“ од Битола, предводени од нивната одделенска наставничка Гордана Угриновска, вредни како пчели, од утрово преку онлајн настава изработија творби посветени на овој корисен инсект. Творбите што ги испратија до нашата редакција содржат пораки дека пчелите се планетарно чудо и дека без нив живот на планетата Земја нема да има, како и за тоа дека производот што го даваат, медот, им дава здравје на децата.
„Многу ни е важен еко системот и кон него треба да градиме правилен и одговорен однос токму затоа мора од мали нозе децата да се едуцираат за овие состојби, да имаат познавања за важноста на животната средина и да ја штитат природата, а и пчелите во неа зашто без нив нема живот на нашата планета“, вели наставничката Угриновска.








Полицијата досега поднела само една прекршочна пријава на 15 мај на лице од Битола кое не носело заштитна маска, информираат од СВР Битола за апла.мк.
Освен во големите маркети и некои други трговски објекти, каде купувачите не можат да влезат без маска, малкумина граѓани ја почитуваат уредбата за носење лична заштита, ниту пак се почитува уредбата за држење физичка дистанца
Транспортен респиратор во вредност од 480 000 денари донираше Здружението на пензионери од Битола во Клничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола. Донацијата е обезбедена со средства на Здружението, а и раководителите на органите и телата во него се откажаа од средствата за април и мај за да бидат искористени во хуманитарни цели.
Градските линии на општинскиот линиски превоз, почнувајќи од утре 20.05.2020 ќе сообраќаат наизменично како во досегашниот период, но без прекин, од 06:00 до 17:00 часот, вклучително и во сабота. Со ова се укинува двосменскиот редуциран режим на сообраќање на автобусите, кој беше воведен соодветно на потребите за движење на граѓаните, а согласно заклучоците на Владата на РСМ, соопштија од Општина Битола.
Во време на коронакриза која наметна затворање и на музеите низ светот, битолскиот "Завод и музеј", виртуелно преку фотографии објавени на ФБ профилот на дел од предметите во Постојаната музејска поставка, симболично го одбележа Светскиот ден на музеите, 18 мај.
"Во Постојаната музејска поставка, се изложени околу 2000 предмети. Се надеваме дека преку овие фотографии ќе го разбудиме Вашиот интерес за нашето културно наследство, и по завршувањето на кризата поврзана со појавата на COVID - 19, ќе не посетите!, се наведува во пораката на "Завод и музеј"-Битола
https://www.facebook.com/467582486592882/posts/4141606172523810/
За дел од предлог економските мерки што ги достави градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, како олеснување за одредени стопански субјекти во време на кризата што се наметна со КОВИД-19, се чека Уредба да донесе Владата.
„Предлог мерките што ги дадов како градоначалник, намалување на одредени комунални давачки до нула отсто значи воопшто да не платат граѓаните. Но, законските одредби за некои од тие давачки се со опсег од најниска до највисока сума. Да речеме, една од давачките е од 5 до 15 денари за користење на просторот пред деловните објекти, ние решивме тој простор да биде издаден без никаков финансиски надомест. Но, за тоа ни треба Уредба од Влада зашто во спротивно ќе постапиме незаконски“, рече Петровска.
Барањето и потребните документи до Владата се веќе испатени.
„Уредно Општина Битола ги има доставено барањата за донесување на таква уредба, го чекаме последниот збор да го каже истанцата до кое е нагласено тоа барање. Но, како и да одлучат, на крај ќе се извлече оптимумот за растоварување на субјектите за кои беше наменета таа економнска подршка. Ќе ме радува доколку набрзо ни стигне таа одлука и овозможиме тие стопански субејкти да не платат за ризичниот период низ кој минуваме“, додаде Петровска.
Таа предложи сет мерки за олеснување на економските последици во услови на пандемија: