2win800x200

Премиерот Заев од Битола најави удвојување на капацитетите на „Кромберг и Шуберт“

Декември 19, 2020

Во последните три години има 35 странски инвестиции, а во 2018 година го надминавме рекордот во странски инвестиции со 625 милиони евра нето странски инвестиции со девизен прилив, во 2019 имавме 300 милиони евра, рече Заев денеска во Битола и додаде дека старанските вложувања продолжија и годинава за време на КОВИД кризата, а „Кромберг и Шуберт“ во Битола двојно ќе ги зголеми капацитетите.

– Во годината на ковид-криза, во 2020 година, имаме повеќе од 12 директни инвестиции што се во фаза на реализација, преговори или пред потпишување на договори. Така во битолски „Кромберг и Шуберт“ има целосно нов погон и нова инвестиција со која се удвојуваат нивните капацитети, нова инвестиција е „Дура“ вредна 100 милиони евра, „Магна“ во Струга, „Костел“ со втора инвестиција и други компании. 400 домашни комапнии добија поддршка од 17,3 милиони евра директно од државата за нови инвестиции за време на КОВИД. Дополнителните инвестиции во енергетиката ја движат македонската економија, а членството во НАТО значи стабилни и сигурни инвестиции кои верувам ќе ги има уште повеќе со надминување на кризата, рече Заев.

Тој обелодини дека до вчера понуди за проектот Чебрен доставиле 10 компании

-Вчера во 16 часот заврши рокот за доставување понуди за огромниот проект Чебрен. После 11 години обиди на претходната власт, вчера регистриравме 10 џиновски понуди за Чебрен, а тоа се понуди од шпанското електростопанство, француското електростопанство, грчкото електростопанство, ЕВН заедно со австриска компанија, турска компанија, кинеска компанија…или 10 џиновски компании кои покажаа интерес и доставија документација за проектот Чебрен. Сега продолжува следната фаза за проектот вреден меѓу 600 и 800 милиони евра, и тоа само по себе ја покажува сериозната намера за успех на овој проект, изјави премиерот Заев.

Премиерот додаде дека  сите инвестиции се случуваат затоа што има поволна политичка клима, сигурна перспектива и, како што рече, верува дека се повеќе низ соработка меѓу власта и опозицијата ќе имаме подобра клима.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани