2win800x200

Проф. д-р Марјан Танушевски: Медиумската писменост е интелектуална слобода

Октомври 27, 2023

Медиумската писменост е интелектуална слобода, истакна проф. д-р Марјан Танушевски, новинар на МИА, на денешниот Прес-Агол што се одржа во Бизнис академија Смилевски, а во рамки на манифестациите Денови на медиумска писменост.

На интерактивна средба со студенти, професори и новинари, Танушевски посочи дека ако медиумска писменост е спосбност за пристап, анализа, вреднување и испраќање пораки преку медиумите, тогаш треба постојано да се инвестира во медиумската писменост бидејќи е загрозена.

-Добро е што јавно се зборува за медиумската писменост. Но, мора секојдневно да се работи на зголемување на свеста за медиумска писменост и посебно да се раздвижи академската заедница која недоволно е активна, и недоволно посветена на медиумската писменост. Овој недостиг во јавноста може да се надополни со јасна и недвосмислена поддршка од Министерството за образование и наука и востановување редовен наставен предмет за медиумска писменост на сите нивоа на образование, нагласи проф. д-р Марјан Танушевски.

396586614 304158845814750 2827383619569238624 n

Во SWOT анализа за актуелните состојби со медиумската писменост во земјава, нотирани се повеќе слабости, а закана се зачестените дезинформации, лажни профили и фејсбук инфлуенсери кои го контаминираат јавното мислење.

-Директните штетни влијанија врз медиумската писменост може да се отстранат со поддршка и мотивирање на професионалното новинарство. За жал новинарите не се доволно платени и со низок стандард и затоа се поретко се одлучуваат за истражувачко новинарство кое често е под притисок. Дел од медиумите се одлучуваат да продаваат информации, наместо да пренесуваат информации заборавајќи на јавниот интерес. Но, најважно од се е медиумската писменост да се развива низ соработка со институциите и „инфодемијата“ да се скроти со вештини и знаења, посочи Танушевски, на Прес-Агол, што се одржа во Бизнис академија Смилевски-Битола.

Деновите на медумска писменост годинава се одржуваат под мотото „Брз прст, лажни вести носи“.

394973757 879750307100098 5533839560900928421 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани