Се крои новиот тим на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Јули 07, 2026

Новиот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Горан Исков ги собра сопартијците на првиот состанок по неговото назначување.

"Главната цел на новиот претседател Горан Исков и активистите на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола е остварување нови изборни победи преку партиско обединување и теренска работа.

Новата функција носи обврска за континуирани победи. Исков ја истакна својата заложба за успех во претстојните политички циклуси.

Работата ќе се одвива рамо до рамо со градоначалникот, пратениците, членовите, активистите, поддржувачите", објавија од ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Исков најави дека веќе се финализира и персоналниот состав на новиот општински комитет.

"Искуството на Исков како досегашен координатор и долгогодишен учесник во партиските структури и досегашните изборни циклуси се гаранција за силна мобилизација на терен и продолжување на сојузништвото со граѓаните на Битола", објави партијата по средбата. FB_IMG_1783410097907

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани