
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Државниот инспекторот за труд го врати на работа универзитетскиот професор Томе Наумов на кого по 39 години работен стаж Високата медицинска школа му го прекина договорот за работа точно кога наполнил 64 години иако претходно имал доставено изјава за продолжување на работниот ангажман во академската 2021/22 година.
Инспекторатот донесе решение со кое се одлага извршувањето на одлуката на Високата медицинска школа од Битола за прекин на договорот за работа до донесувањето на правосилна одлука на судот за овој случај по тужба против Школата поднесена од Наумов. Еентуелна жалба не го одлага извршувањето.
Во образложението на Инспекторотот пишува дека направиле вонреден инспекциски надозр и констатирале дека работодавачот со своето однесување постапил спротивно на одреден и членови од Законот за работни односи.
Професорот Наумов денес се врати на работа и рече дека наишол на сменета брава од неговиот кабинет, па морале да му отклучуваат, а од вратата бил тргнат и натписот со негово име.
Тој беше одјавен од Агенцијата за вработување во април годинава поради пензионирање, но како што тврдеше без претходно да биде известен. Изјави дека непријатната веста му ја кажале додека дрежел испит во Школата. Рече дека е испуштен надвор од Законот за високо образование кој е јасен и дозволува професор што ќе наполни 64 години има право да го продолжи работниот век до 67.
Директорката на Високата медицинска школа Домника Рајчановска тогаш рече дека сите одлуки што ги донела во врска со професорот Наумов се засноваат врз почитување на одредбите од Законот за работни односи и Законот за високото образование.
На перверзијата ѝ нема крај. На адреса на порталот Апла.мк денес стигна писмо наменето за еден од нашите редовни колумнисти. Внатре во писмото беше ставен кондом, а испраќачот на оваа „швалерска“ порака анонимен. Имал храброст да навредува, но немал да си го открие идентитетот. За ова ја известивме полицијата. На испраќачот на Дурексот можеме само да му порачаме дека искористил ефтин презерватив за свое лично ЕПП.
https://www.vic.mk/vic/868?fbclid=IwAR3BNP42BU6EU6PVwHdGO6QTFtmF-HJdOC0V4exuOYiGDhAIrwO9UT5bFPs
Децата од детскиот хор „Ѕвончиња“ од Битола беа седмата тура од проектот „Да го запознаеме Н.П. Пелистер“ во организација на здружението „Дојди, види, уживај“ предводено од туристичкиот водич Горан Пинза. Тој организираа едукативно-рекреативни екскурзии на Пелистер, а целна група се основците и средношколците, но не постои горна граница за лицата кои можат да се вклучат во оваа активност на спознавање на природните убавини на првиот национален парк во земјава и неговите реткости. Иако Пелистер е на неколку километри од Битола, не е мал бројот на деца и млади кои ретко го посетуваат.
-Ја поздравувам иницијативата и борбата на Горан за да ги запознае децата со убавините на Пелистер, како да ја сакаат, почитуваат и чуваат природата и нејзините жители. Она што не се познава, не може да се сака и да се негува! Со многу измешани мисли и емоции го напуштив националниот парк. Зошто? Затоа што она што го видов во очите на децата, насмевките, среќата, зацрвенетите обравчиња, дружењето, нивната желба за истражување, прашањата кои му ги поставуваа на водичот...ме исполни со огромна радост од една страна и лутина од друга, што како општество многу малку или воопшто не обрнуваме внимание на вистинските вредности кои ги имаме и со што треба да ги "храниме" нашите деца, духовно, ментално, емотивно, физички и интелектуално. Се што читам, се политички статуси на препукување и омраза...После пандемијата, компјутерите и стресовите, требаше децата организирано, секој ден да ни се на Пелистер и да го засилуваат својот имунитет со чист кислород и развивање на белите дробови. Погледенете ги сликите, слушнете ја нивната песна( со колкава љубов ја снимивме и ја пееме првата детска химна на Битола, напиша на ФБ Марина Коруновска, диригент и уметнички раководител на десткиот хор Ѕвончиња.
