
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Актерот Симеон Мони Дамевски на вчерашното свечено Собрание на ДФРМ, едногласно е избран за нов директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Според статутот на ДФРМ, мандатот на Мони Дамевски важи за следните две изданија на фестивалот. Мони Дамевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера, соопшти ДФРМ.
Во Битола денеска е измерена максимална температура од 38 степени, а најжешко беше во Гевгелија со 42 степени, информираат од УХМР.
Убавините на Преспа, кои беа затрупани со тони ѓубре, сега се видливи за сите посетители и туристи. Големата акција „Читса Преспа, моја Преспа“ што ова лето ја започна локаланата самоуправа, наиде на огромна подршка од невладниот сектор, поединци, граѓани, но и бизнис секторот. Во акцијата е вклучена и механзација, а се чистат дивите депонии, туристичките населби, но се уредуваат и плажите.
Исклучителни фотографии од „жителите“ на островот Голем Град во Преспанското Езеро, објави Македонското еколошко друштво -МЕД. Станува збор за фотографии од истржување за кормораните, но, и на желки, поскоци и рибарки кои живеат на островот.
Со песната на Тоше Проевски, " Среќна ли си ти", снимена на македонски и словенечки јазик, хорот на словенечкото здружение "Триглав" од Битола, чиј раководител е Марина Коруновска, со честитки по повод 30 години од независноста на Република Словенија. Ја споделуваме оваа прекрасна изведба со нашите читатели
