Анета Блажевска

Анета Блажевска

Градинката „Качунка“ која е клон на ЈОУДГ „Мајски цвет“ во Битола е времено затворена за престој на деца додека не се санираат штетите од земјотресот. Директорката Снежана Тодоровска соопшти дека во еден од двата објекта на градинката „Качунка“ оштетени се ѕидовите и паднати се парчиња малтер, па во услови кога има потреси не е безбедно за престој на деца. 

DSC 2412

„Се работи за седум-осум дечиња кои се префрлени во други групи. Тоа не беше проблем зашто во овој период има и помалку деца во градинаките. Нема да се вратат назад додека не се санираат состојбите. А ќе се потрудиме што е можно поскоро тоа да се случи“, рече Тодоровска за Апла.мк. 

DSC 2414

Општинскиот кризен штаб одржа итен состанок по синоќешните земјотреси во Битола и донесе заклучок итно да се формира Комисија за проценка на штети.

„Во овие мигови во Битола се случува евакуација, односно вистински егзодус на населението. Стотици, можеби илјадници возила, во колони се упатуваат кон излезите од градот и бараат безбедно засолниште надвор од него. Цели семејства, заедно со децата, бараат спас во селата, викендиците или кај роднините подалеку од градот. Некои палат логорски огнови и ноќта ќе ја поминат во дружење и со топла ракија.

Чудно е тоа - илјадници луѓе, кои никогаш не читале геофизика или динамика на конструкции, истовремено доаѓаат на една иста, бескорисна идеја. Веројатно поттикнати само од стравот, емоциите, паниката и потсвеста, прават нешто само колку за да се каже дека прават. Би требало да знаат барем две работи.
Прво, најбезбедното место за време на земјотрес е токму станот, доколку живеат во градби изградени во времето на Југославија, според тогашните строги, асеизмички прописи. Никакво возење со лифт или трчање по скали, бидејќи тие се најранливите места во секој објект.
Второ, при главниот удар на земјотресот се ослободува главнината на енергијата. Сите последователни удари (афтершокови) ослободуваат сé помала и помала енергија, како што тектонските плочи наоѓаат нова положба на минимум потенцијална енергија, а раседот се смирува.
Тоа значи дека тоа што бидна - бидна. Сега е бесмислено бекството. Во следните денови ќе има серија афтершокови, коишто ќе можат единствено инструментално да се регистрираат, а единствено посилните ќе ги почуствуваме самите.
Би било добро доколку некој професор од ИЗЗИС излезе на телевизија и ги објасни овие работи, за да се избегне непотребниот метеж и малтретирање на населението“,  напиша професорот Дејан Трајковски на неговиот фб профил. 

По серијата земјотреси битолчани ги напуштија домовите и излегоа на улиците. Сите раскажуваат дека се исплашиле од земјотресите. Гостите ги напуштија кафулињата. Дел од битолчани влегоа во возилата чувствувајќи се така побезбедно отколку дома. Земјотресите што беа почувствувани вечерва создадоа паника. Поголем земјотрес во Битола не се има почувствувано од септември 1994 година. 

Силен земјотрес чиј епицентар е на граница со Грција се почувствува во Битола. Првиот од 5,5 степени беше во 22 и 43, а по него следеа уште дба потреси од 3,5 и 4,2 степњни. Граѓаните се испаничени, ги напуштаат домовите. Засега нема информации за евентуални штети

По повод големиот христијански празник Божиќ, во организација на Општина Битола, во Офицерскиот дом во Битола, се одржа Божиќен концерт. Присутните имаа можност да го проследат настапот на Машкиот хор „Свети Нектариј Битолски“ и Женскиот хор „Света Макрина“.концерт 2

концерт 3

0

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me