
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Стотици цртежи со висок уметнички квалитет изработени од младиот талентиран Евреин од Битола, Гастон Гамлиел, денес на 80 годишнината од депортацијата на Евреите, битолското семејството Нашоку му ги предаде на роднините на уметникот, семејството Ароести од Израел. Гастон починал во Битола во 1939 година од тифус најверојатно на 19 годишна возраст, а неговото семејство ги зачувало цретежите како последен спомен од него. Пред да биде депортирано во 1943 година , таткото на Гастон, побарал од партизанот Павле Кипровски од Битола да ги зачува творбите на син му и во иднина да му ги врати на семејството. Но, за жал никој од семејство не се вратил од Треблинка. Па, цртежите останаа на чување како аманет кај Кипровски, а потоа и кај семејството Нашоку во кое се омажила ќерката на партизанот, Аница Нашоку, објави СДК.МК.
„Многу сум возбудена. Ова е непроценливо богатство за моето семејство. Се̍ уште размислувам што ќе правам со нив. Сакам да посетам некои музеи во Израел. Сакам да направам многу добар спомен за нашето семејство преку животната приказна на Гастон. Приказна која ги поврзува народот на Израел и битолскиот“, рече Рејчел Ароести, сега омажена како Фридман која живее во Израел, а е внука на младиот талентиран уметник од Битола.

Семејството Кипровски, а потоа Нашоку со години цртежите верно ги чуваше.
„Семејството Гамлиел живееше кај нас под кирија во нашата стара куќа. За време на војната пред да бидат депортирани , таткото на Гастон ги остави сликите во наследство на татко ми да ги чуваме, ако случајно некој се врати од депортацијата да му ги предадеме. Мојот татко кој беше партизан им понуди да ги префрли в планина и да ги спаси. Ама имаа стара баба на 90 години и не сакаа да ја остават. Така сите заминаа во Треблинка. Гастон имаше два браќа близнаци , сестра, баба, татко и мајка “, раскажува Аница Нашоку.

Досега имале многу можности да ги предадат во музеј, па и да ги продадат. Но, сакале да го исполнат аманетот и да ги дадат на некој од семејството за кого ќе имаат најголемо значење.
„Читајќи ги книгите на историчарот Ѓорги Цолев- Џоџа и гледајќи порано телевизиското интервју на Петар Ставрев со семејството Нашоку, дојде приказната до моите уши. Пред три месеци во Израел на една церемонија сретнав фамилии кои живеат таму, а имаат битолско потекло. Во неврзан разговор Рејчел го спомна презимето на баба ѝ Гамлиел. Тогаш се сетив дека можно е таа да е врската и сакав и да помогнам да се сретнат семејствата“, рече Ѓоргиев кој утре ја промовира неговата книга „Траги на еврејското наследство во Битола“.




Блок 3 на РЕК Битола попладнево е исклучен од мрежа заради сервисни активности на опремата во постројката. Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозвулаат тоа. Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи да работи со целиот свој капацитет. соопштија од ЕСМ.
На чествувањето по повод 80 годишнината од депортацијата на над 3000 битолските Евреи во логорите на смртта денеска не дојдоа претставници на Амбасадата на Бугарија во Македонија, ниту пак од генералниот конзулат во Битола. Пред споменикот на жртвите од холокаустот во Битола, се поклонија припадниците на Еврејската заедница, граѓани, политичари, гости од Израел, амбасадори и конзули на повеќе држави меѓу кои и на Германија, Франција, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Од Еврејската заедница велат дека испратија покана до сите конзулати и Амбасади во земјава.
Дека најсилна е еманципацијата на жената преку работата потврдуваат Виолета Петковска и Јасмина Мановкса, кои своите работни места во РЕК Битола ги делат со мажи. Специфичните работни услови во најголемиот производител на струја во државата и стожер на електроенергетскиот систем, за овие две млади дами беа силен предизвик, но велат никогаш не им паднало на памет да се откажат поради предрасудите и стереотипите. Виолета е ракувач на погонска станица, а работното време го минува во кабина од неколку метри квадратни од која се следи транспортот на јагленот од рудникот Суводол до Термоелектраната. Оди во смени од по 12 часа.
-Работата не е толку тешка како што изгледа ако постојано се следи процесот на движење на јагленот, а од вид не смее да се испушти ниту траката, без оглед дали има или нема јаглен на неа. Но едно мало невнимание значи голем ризик, вели Виолета Петковска, ракувач на погонска станица
Досега, на своето работно место, Виолета не се соочила со дискриминација по било кој основ и вели дека е одлично прифатена од колегите во РЕК Битола.
-Нема дискриминација во работа, тука работат и мажи и жени. Кога дојдов на работа бев добро прифатена од сите колеги, тоа што сум женско не ми прави никаков проблем и потврдува дека ние жените не сме ништо помалку способни од мажите, вели Виолета.

(фото: Виолета Петковска ракувач на погонска станица во РЕК Битола)
Канцеларијата на Јасмина Мановска е во бараките на ПЕ Рудници на РЕК Битола. И таа тврди дека досега не се соочила со дискриминација на работното место
-По струка сум рударски техничар и затоа сакав да ја работам оваа работа. Работам со увезениот јаглен, ги прегледувам камионите, излегувам на терен. Не е тешко, икако ова се смета за машка работа, жените добро се снаоѓаат, вели Јасмина.

(фото: Јасмина Мановска, вработена во ПЕ Рудници на РЕК Битола)
Виолета и Јасмина, заедно со ситеостанати жени вработени во РЕК Битола, уриваат предрасуди и потврдуваат дека нема машка и женска професија. На Денот на жената-8 Март испратија силна порака жените да ги прифатат сите предизвици и да не се откажуваат од своите желби заради општествени стереотипи кои ги ставаат во подредена положба во однос на мажите.
-Сите предизвици треба да се прифатат, работата е работа, без разлика дали се смета дека е машка или женска, вели Виолета.
-Жените треба да ги прифаќаат сите предизвици, никогаш да не се откажуваат, порача Јасмина.
