2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во средното општинско земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ – Битола се реконструира кровот и се препокрива објектот. Санацијата е овозможена со средства  од А.Д МЕПСО во висина од 2,500,000 денари. Ова битолско училиште е со 110 годишна традиција  и во последните децении не се памети поголем реконструктивен зафат. Училиштето беше маргинализирано во споредба со други школи во градот и не беа направени никакви вложувања и санации.

Традиционално како и секоја година, на плоштадот Магнолија се поставува новогодишната елка. Работници денес ја монтираат елката висока повеќе метри. И годинава дочек на Нова година во Битола ќе биде организиран на плоштадот Магнолија. .

Се почеста е сликата низ градот на оставени хаварисани возила на  јавни површини, пред зградите или на улиците  покрај  куќите. Со години овој проблем се провлекува, а ваквите возила се оставени буквало насекаде, па дури и на пешачките патеки. ’Рѓосани, со издишани гуми, без регистарски таблички, нивните сопственици ниту се потрудиле да им го најдат чарето. Битолчани реагираат и негодуваат затоа што хаварисаните возила непотребно зафаќаат места за паркирање, кои  секогаш недостасуваат.

Во центарот на градот каде  е тешко да се најде паркинг простор за автомобилите, несовесни сопственици со години ги оставаат и едноставно ги забораваат  своите хаварисани возила. Само на „Партизанска на потегот од „Симпо“ до Музејот има две такви возила, едно е оставено спроти Влашката црква, а друго во близина на Градската библиотека, а ги има уште на неколку локации само во централното градско подрачје.  

Од Комуналната инспекција на Општина Битола велат дека граѓаните имаат право да пријават до нив за одредено хаварисано возило , така што ако возилото е регистрирано нема да се отстрани, но доколку не е, тогаш се поведува постапка за негово отстранување, а несовесниот сопственик ќе подлежи на соодветна казна,  со што и отстранувањето на возилото ќе биде на негов товар.  

Граѓаните , пак бараат надлежните да ги отстранат  овие возила и да се определи локација во Битола каде што ќе може да се складираат хаварисаните автомобили, затоа што сопствениците очигледно не сакаат да платат за транспорт и отстранување , а вака  на оставени хаварисани возила без регистерски таблички никој ништо не им може.  

-Процесот на амнестија е во тек, парламентарната група која што е избрана да работи на оваа проблематика го финализира крајното решение. Сакам да ја информирам јавноста, дека многу строго правиме дистинкција меѓу две групи -граѓани кои што, условно кажано, влегле во Собранието на РМ на 27 април 2017 година, односно правиме разлика меѓу оние кои што иницирале, нарачале ио организирале насилство во Собранието и оние кои што на некој начин биле заведени да бидат дел од истото. Ве уверувам дека сите оние кои што направиле злодело на 27 април ќе одговараат, сите останати, кои на некој начин биле заведени во таа насока, ќе бидат ослободени од обврската. Сакам да истакнам дека во иднина, независно кој какво дело ќе направи ќе одговара согласно законите во РМ, рече Кирацовски денеска во Битола. 

Слепите и лицата со оштетен вид од пелагониските општини добија Ресурсен центар каде ќе можат да се едуцираат и на забавен начин да го минуваат времето. Книги на Брајово писмо, техника која ги зголемува фонтовите на пишани текстови, компјутери со аудио програма која овозможува преку говор да се користи интернет, забавни игри и друга техника им е ставена на располагње во Регионалниот ресурсен центар за слепи и лица со оштетен вид што денес се отвори во Битола.

Локалната самоуправа денеска објави јавниот повик до доверителите на Општина Битола да ги пријават доспеаните, а неплатени побарувања. Овој повик се објавува според новиот Закон за финансиска поддршка на општините, средства што Владата на РМ ги обезбеди со ребаланс на буџетот, како помош за општините кои имаат неисплатени долгови. Општина Битола од Владата ќе добие 2,5 милиони евра.

РЕК Битола ја информира јавноста дека во текот на денот ќе изврши планирано исклучување на Блок 3.

Планираното исклучување се прави поради превентивна проверка и отстранување на помали дефекти, како и за зајакнување на оперативноста на блокот.

Блок 3 ќе биде вратен во мрежа во следните неколку дена, додека во меѓувреме РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 1 и Блок 2.

АД ЕЛЕМ во моментов произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи и сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство.

Офицерскиот дом во Битола комплетно ќе се реконструира, за што се обезбедени потребните  средства. Градоначалничката Наташа Петровска, денеска на новинарско прашање дали, колку и од каде се обезбедени пари за оваа намена, не соопшти детали, но кусо рече дека јавноста наскоро ќе биде информирана.

Раководителот на Подрачната единица на  Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Методија Илиевски, денеска  повторно беше на терен помеѓу производителите на тутун на откупните пунктови во Општина Могила. 

Основното училиште „Св.Климент Охридски“ од Битола е единствено од Македонија вклучено во Ерасмус+проектот „Учење за надминување на елементи на насилство“ или во оригинал "Learning to Overcaoming Violence Elements"- L.O.V.E. Проектот започна годинава и ќе трае до август 2020.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани