
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Времето утре, понеделник, 17 декември, ќе биде претежно облачно и студено со повремени локални врнежи, главно од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови од земјава. Минималната температура во Битола ќе се спушти пет степени под нулата, а макисмалната ќе биде 2 степена.
Битолчанецот Горан Милевски и понатаму останува на челната позиција на Либерално –демократската партија. На седмото Изборно собрание што се одржа денес Горан Милевски беше реизбран за лидер на партијата.
Од 339 присутни делегати, за претседател на тајното гласање се изјаснија 335 делегати, од кои:
- 294 гласаа за Горан Милевски;
- 31 гласаа за Никица Корубин;
- 10 неважечки ливчиња.
„Оваа голема доверба што ми ја укажаа делегатите ме обврзува да работам со уште поголема енергија и мотив, да се бориме заедно за либералните вредности и идеали“, напиша Милевски на својот фб профил.
Автобусот кој доцна во ноќта имаше сообраќајка на влезот во Лесковац, Србија, вчера околу 19 часот тргнал од Битола. Од битолската автобуска станица потврдија дека во автобусот се качиле четворица патници, двајца со купени повратни билети, а двајца само во еден правец. Засега нема официјални информации каква е состојбата со лицата кои во автобусот влегле од Битола. Во несреќата загинаа 68 годишен маж од село Бучин, Крушевско и две жени, од кои едната е од Кочанско. Автобусот патувал од Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Табановце, па до Виена. Возачите се едниот битолчанец, а другиот прилепчанец, но не се повредени. Се знае дека се работи за автобус на компанијата „Еуробус“ од Струга.
Битолското село Кравари доби нова детска градинка, која има капацитет да прими 40 деца на претшколска возраст. Градинаката ќе работи во состав на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, а за оваа намена опремени се 2 детски занимални.
Во време кога сите размислуваат како да заминат оттука, Младинскиот културен центар од Битола и Инфо клубот со поддршка од Општина Битола, УНДП и Фонд за иновации и технолошки развој, преку Саемот за кариера ги отвoраат вратите на комуникација помеѓу младите и бизнис-секторот, каде можат да се стекнат првите работни искуства, но и со можностите кои ги даваат неколку програми за финансиска поддршка, со која ако имате добра идеја за бизнис ќе станете претприемач.
Негувајќи ги заложбите за општествена одговорност, Државна видеолотарија на РМ денес беше местото каде паралелно се реализираа неколку хумани активности: крводарителна акција, донација во храна и облека за социјално загрозените групи.
По повод 100 годишнината од завршувањето на Првата светска војна, денеска започна дводневната конференција „Социо-културни аспекти на Првата светска војна“ во организација на НУ „Завод и музеј“-Битола и ЗРАТ Љубојно. Целта на оваа Конференција е да се подигне свеста на јавноста за различни аспекти на Првата светска војна со што ќе им се оддаде почит на сите индиректни учесници и цивилни жртви кои останаа неспоменати во сите воени и историски документи.
Вреќите од јаболка што несовесни луѓе ги оставиле по нивите крај патот од Ресен за грчка граница, како лампиони се зафатија за дрвјата. Купиштата расфрлени вреќи ги фотографиравме во близина на село Курбиново.
Во Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола ,градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузмановски и Генералниот конзул на Р.Бугарија во Битола, Димитар Иванов потпишаа договор за доделување на неповратна финансиска помош на Општина Новаци на основа на политиката на Р.Бугарија за учество во меѓународната соработка за развој.
Финансиската помош се доделува за реализација на проектот „Реконструкција на покрив и спортска сала за подрачното училиште во село Бач“.
"Соработката со Р.Бугарија преку Генералниот конзулат на Р.Бугарија во Битола дава позитивни придобивки.Оваа финансиска помош позитивно ќе се рефлектира во подобрување на училишната средина и условите во неа .Со реконструкцијата на подрачното училиште во селото Бач ќе ги подобриме условите за настава ,со што би обезбедиле поквалитетен ,поефикасен образовен процес.Училишната средина е одраз на животот во заедницата.Со градење посигурно,подобро и поефикасно училиште со ефективен образовен процес се подобрува целокупниот живот во заедницата"-истакнува градоначалникот Љубе Кузманоски.
Општина Новаци посветено работи на обезбедување на подобри и поефикасни услови во основните училишта на подрачјето на општината.
