
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Двојно е зголемен бројот на битолчани со скршеници, потврдија од Клиничката болница во Битола. Ваква е ситуацијата по снежните врнежи и ниските температури кои само во текот на ноќта паднаа до -20 степени Целзиусови, па предизвикаа и подмрзнување на улиците. Од болницата велат дека медицинските екипи во Одделението за ортопедија се зголемени, а салите работат деноноќно.
На 07.01.2019 околу 19,35 часот пријавено е дека пред кафе бар на ул.Битолска во Демир Хисар дошло до физичка пресметка помеѓу Д.Ј(40) од с.Вардино-Демир Хисар, М.Г (25) од Битола,З.М (39) од Битола од една страна, а од друга страна Н.П(24) од с.Слепче-Демир Хисар и И.Т(24) од Демир Хисар, а се вклучиле и други лица. Бил употребен и нож, а на М.Г. му била нанесена убодна рана. Приведени се четворица учесници. Се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од СВР-Битола.
Од утре метеоролозите најавуваат обилни снежни врнежи, кои ќе фомрмираат нова снежна покривка. Од ЈП „Нискоградба“-Битола велат дека се подготвени за новиот снежен бран и апелираат граѓаните кои живеат во тесните улици и ги оставаат своите автомобил на коловозите, доколку се во можност да ги отсранат за да може механизацијата на ова јавно претпријатие да го чисти снегот.
Општина Новаци успешно се справува со интензивните врнежи на снег кои ја зафатија територијата на општината во изминатиот период .
Паркинзите низ градот се затрупани со снег, возилата нема каде да се остават , а „Градски паркинзи“-ДООЕЛ - наплаќаат за паркирање, ова се реакциите на битолчани до апла.мк и на социјалните мрежи. По врнежите од снег, ниту еден паркинг простор со кој располага “Градски паркинзи“ не е исчистен, иако тоа е нивна обврска , револтирани се возачите во Битола кои не можат да ги паркираат возилата поради неисчистениот снег, ниту пак да ги остават на коловозот за што ќе можат да се соочат со „солени“ казни.
На ситуацијата со фотографии и коментар реагираат и од фејсбук страницата Бесплатен паркинг во Битола.
-Ако одиме по тоа кој има корист од наплатата за паркинг, тоа се ДПН Паркинзи Битола и Општина Битола.
Така да кој и да е, должни се да си го исчистат снегот!, пишуваат од Бесплатен паркинг во Битола.
Битолчанецот Драган Вељанов, граѓански активист реагира со коментар на фотографиите дека „срамота е за фирмата која управува со градските паркинзи и која за узурпацијата на цел град плаќа месечна смешна ќирија на градот од смешни 2.000 евра да не направи една акција да го исчисти снегот од сите 1.551 паркинг место кое го управува. Треба тоа да биде нивна одговорност и лична и професионална, а не да ги тера некој тоа да го направат, пишува Вељанов .
Апла.мк ги контактираше „Градски паркинзи“ –Битола, а од таму ни одговорија дека чистењето на паркинзите е закочено поради празниците.
-Работите закочија поради неработните денови. Точно дека не се доволно исчистени, но тоа не е оставено на случајност, колку ни дозволуваат временските услови ќе се работи, ни одговорија од службите на „Градски паркинзи“ ДООЕЛ - Долно Оризари-Битола.
Поларните температури деновиве од околу минус 20 степени ја зголемија потрошувачката на вода во Битола како среде лето.
Во 7 часот утрово во Битола се измерени поларни температури од минус 20 степени.
Едно лице загина, а четири се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи на патот Битола-Ресен кај месноста викана „Чешми“.
Ротаракт Широк сокак од Битола успешно ја реализирше акцијата ‘’Играта продолжува со топол оброк’’, во која заедно со граѓанското здружение „Утешител“ за повеќе социјлано ранливи семејства донираше 4 тони храна. Донациите во текот на декември се собираа на штандови поставени во неколку поголем маркет во градот, каде граѓаните купуваа нерасиплива храна и ја доствауваа до членовите на клубот. Викендов оваа храна заврши во вистински раце.
