Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во црквата „Света Троица“ позната уште и како Руска црква во Битола изложена е одеждата на светитетот Јован Шангајски чиј празник се одбележува денес. Во храмот има посебен дел посветен на светителот кој пред деведесетина години бил професор на битолската Богословија.

Во Здружението на пезнионери во Велес во петокот се одржа Регионална ревија на пеачки групи од југозападниот регион на Македонија на која меѓу 12 учесници се претстави и пеачката група „Сирма војвода“ која работи при Здружението на пензионери во Битола. Таа настапи со две песни и остави мошне добар впечаток за што на претседателот на Здружението на пензионери од Битола, Томе Димитровски, му беше дадена и посебна благодарница.

Се очекува Сирма војовода да земе учество и на Републичката смотра што ќе се одржи до крајот на годината во Скопје. Регионална смотра за скоро ќе биде организирана и во Битола.пен 3

пен 4

пен 5

 

Енергичниот настап на легендарната рок група „Психомодо поп“, сличен на оние од времето на поранешна Југославија, вчера ги воодушеви битолчани. Бендот предводен од харизматичниот фронтмен Давор Гобац покажа дека ни енергијата на бендот старее, нити пак нивните хитови кои вчера ги пееја од тинејџери до средовечни гости на концертот.

Медиа/Арт клубот- Битола на Младински образовен форум, на Градското шеталиште го организираа завршниот настан “Битола во боја”.

Изложбата се организира со цел да им се прикаже на граѓаните на Битола дека постојат доволен број на настани во градот кои ја опфаќаат младата популација, само е потребна информираност околу истите.
Фотографиите се направени од членовите на Медиа/Арт клубот од различни културни настани кои се одржуваат во Битола.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, вечерва приствуваше  на настанот „Живи библиотеки“ што се одржува во рамките на фестивалот „Битола отворен град“ чиј организатор е МКЦ-Битола

„До крајот на годината очекуваме да ја постигнеме и најголемата стратешка цел што ја имаме зацртано, полноправното наше членство во НАТО Алијансата. Процесот на ратификација на пристапните протоколи во сите членки оди со одлично темпо. Очекуваме уште 11 ратификации, останатите членки од 29 те тоа го завршија. Кај овие 11 постапката е или почната или е при крај. Дури и во државите кои имаат компликувани од техички  аспект процедури внатрешно таа постапка е поодмината. Можеме и таму да очекуваме, а и се надевеме дека до 4 декември, до Самитот на НАТО закажан во Лондон , Велика Британија, да станеме и формално 30 членка на алијансата баш во годината кога НАТО слави 70 години од своето формирање, рече претседателот Стево Пендаровски во Битола.

Во присуство на претседателот на државата Стево Пендаровски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал потполковник Васко Ѓурчиновски во Битола денес се одржа воена вежба „Одлучен удар“ во чии рамки битолчани имаа можност да се запознаат со дел од опремата, вооружувањето, војниците и старешините на Армијата.

Во 15 часот и 1 минута земјотрес е почувствуван во Битола со интензитет на  тресење. Земјотресот е со епицентар на 17 километри кујжно од Корча Албанија, односно 128 километри југоисточно од Тирана и е со магнитуда од 4, 7 степени. Земјотресот бил на длабочина од 2 километри. Битолчани кои живеат во колективните згради го почувствуваат земјотресот , особено оние на погорните катови.

Младиот битолски колекционер Филип Етмишовски за десет години успеа да собере безмалку 500 автограми од познати личности ширум светот. Во колекцијата има и потписи кои потешко се наоѓаат зашто му припаѓале на значајни државници кои денес се починати, а успеал да ги обезбеди од историски и други институти. Меѓу нив се автограмите на кои Филип е посебно горд, и тоа стари документи со потписи на кралот Александар Први Караѓорѓевиќ (убиен во Марсеј 1934), кнезот Павле, регент од Кралството на Југославија, Драгиша Цветковиќ потписник на Спогодбата Цветковиќ-Мачек и пристапот на Југославија кон Тројниот пакт, последниот претседател на СССР Михаил Горбачов, таткото на интернетот Винт Церф, последниот Далај Лама и други..

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани