Анета Блажевска

Анета Блажевска

Не е искосена бујната вегетација која прекрива делови од Историската патека на Пелистер, пешачка зона која ги поврзува Инфо центарот сместен во Вилата на Лазо со месноста викана Бегова чешма. На делови бујната вегетација достигнува висина од две метри и ја има прекриено патеката, па таму е тешко поодна, посебно за мали деца. 

Директорот на Националниот парк Амет Аџиу вели дека моменталната ситуација се должи на недостиг на работна сила. Имено, во моментот во посета на Пелистер се странски експерти вклучени во валоризација на паркот, па дел од вработените се ангажирани во тој процес. Директорот посочува дека ги искосиле ливадите кои се најпосетени од туристи преку лето, како Голема и Мала Ливада, излетничкото место Кај печурката и други  локации кои се приоритетни. Аџиу додава дека за скоро време ќе се искоси и вегетација која покрива делови од Историската патека на Пелистер.65687721 621662181664675 7859887162106314752 n

66479232 460766784481442 8291567762317246464 n

Јавното претпријатие за паркинзи ќе започне со работа веднаш по завршување на тендерските постапки за набавака на опрема, а во меѓувреме ќе течат и огласите за вработување. Се очекува до крајот на месецот да профункционира наплатата на градските паркинзи, а во овој вакуум период пркирањето низ Битола е бесплатно.

Битолската библиотека опреми катче каде читателите можат да остават предлози кои нови книги би сакале да ги позајмат и прочитаат.

Здружението на пезнионери од Битола заедно со Здружението на инвалитски пензионери и инвалиди на трудот од Битола почна со реконструкција на влезните скали кон Здруженијата кои беа руинирани. Сега се става и пристапна рампа за употреба од страна на лицата со посебни потреби. За изведување на работата беа добиени пет понуди, а според најповолна цена од страна на комисијата беше прифатена фирмата „Евро инженеринг“ од Битола.  Согласно договорот со изведувачот, реконструктивните работи треба да завршат за еден месец. 

peznioo55

peznopp

За 16 проценти се зголемуваат платите на сите вработените во градинките, објави денеска на прес конференција СДСМ, а оваа одлука ќе се најде утре на дневен ред на седнцата на Советот на Општина Битола. Со ова, велат од СДСМ, после долги години ќе се покачат платата на вработените во  градинките.

Баирчани чекале да се стемне за баба Цена и Таца да излезат на улица, да седнат на камењата и да кажат што разбрале преку ден. И така до утредента слушнатото од уста на уста ќе се пренесело тебе- мене. Сабајле главна вест. И коментарите почнувале со браво за еди кој си оти сторил нешто или ја’зк за друг кој си оти не сторил нешто.

Битолчанката Марија Младеновска- Димитровска, магистер по психологија е единствената Македонка која учествува на еден од најголемите научни собири на психолози во светот, во прочуениот  Московски државен универзитет Ломоносов. Вчера во „Кремљ палатата“ во Москва, која е една од најдобрите и најпрестижните театарски и концертни сали во Русија, пред околу 6.000 присутни, на спектакуларен начин свечено беше отворен 16 Eвропски конгрес за психологија.

Деновиве од печат ќе излезе новата туристичка мапа за Битола за сезоната 2019/2020. Ова е трето издание, првата мапа излезе пред три години, па најновата ќе биде многу побогата и посодржинска. Таа содржи брошура од 32 колор страни плус туристичка мапа печатена двострано во 15.000 примероци и што е најважно, ќе се дистрибуира бесплатно на 50 локации и тоа до мај идната година.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани