2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Книжевниот клуб „Утопија“ во Битола и вечерва беше центар на нова инспиративна средба на вљубениците во убавиот пишан збор и книжевните дискусии посветени на јужнокорејската писателка Хан Канг, добитничка на Нобеловата награда за литература. 

Дискусијата беше поттикната за романот „Вегетаријанка“, награден со Меѓународната книжевна награда „Букер“, моќен роман за парадоксалната битка што мора да ја водиме за да бидеме тоа што сакаме да бидеме. 

Говорници на вечерта беа проф. д-р Билјана Граматковски, од Педагошкиот факултет во Битола и д-р Марина Кузмановска, доктор на педагошка и образовна психологија, лиценциран психолог и Гешталт советник, со долгогодишно искуство. 

На книжевната вечер силен впечаток врз присутните оставија излагањата на Граматковски и Кузмановска испреплетувајќи го сопственото искуство со приказната за младата жена Јонг-хе , алегорија за трансформациите и преиспитувањата преку кои се откриваме или се губиме себеси, преку кои бараме љубов и добиваме омраза.

Анализа на приказна за која се верува дека  дневниците на Кафка се само некои од делата чии одеци може да се насетат низ „Вегетаријанка“.

 

А.Б 

 

 

Во свечената сала Amtshaus во Виена, на 20 јуни 2025 година, млада македонска оперска пејачка Јана Блажевска остави неизбришлив белег. Деветнаесет годишната судентка на универзитот за музика на град Виена (MUK), заедно со уште четворица колеги од истата установа, приредија незаборавен концерт кој ги воодушеви љубителите на класичната музика.  1000002349

Гостувањето во величествената сала на Amtshaus беше потврда за професионализмот што го нуди MUK. Под водство на врвни педагози и диригенти, Јана се издвојува како една од најветувачките млади оперски гласови. Во програмата беа вклучени композиции од Хендл, Моцарт, Форе и Белини, кои тие ги изведоа со неверојатна емоција.
Патот на Јана започна уште во родниот град Битола во Државното музичко училиште под водство на проф. м-р Маја Митровска, каде што ја стекна солидната основа што ѝ овозможи да продолжи студии на МUK – една од најреномираните музички академии во Европа. Нејзината визија за иднината вклучува солистички ангажмани во престижни европски оперски куќи, како и продолжување на усовршувањето преку мастер класови.
Со вакви ангажмани и достигнувања, Јана Блажевска јасно покажува дека македонската оперска школа продолжува да носи врвни артисти во светски рамки. Само една година по заминувањето од Битола, таа сега го претставува не само Државното музичко училиште, туку и својата држава пред публиката на Виена. 1000002350

Реакција на РЕК "Битола "

Техно Коп Плус ДООЕЛ Битола е избрана за компанија за технолошко чистење, откако ги исполнила сите наведени критериуми по јавниот повик. Овој понудувач, понудил за 30% пониска цена од досегашната договорна. Иако одлуката е донесена, договорот сè уште не е потпишан поради тековната жалбена постапка. Договорот ќе биде склучен по истекот на овој период.
Сакаме да нагласиме дека немаше хаварија туку најверојатно ни се случи саботажа. Целиот настан во моментов е предмет на истрага од надлежните институции. 
Во меѓувреме, додека технолошкото чистење од надворешни изведувачи е во прекин, преземаме проактивни мерки за внатрешно справување со сите отворени прашања.
Се вложуваат максимални напори за повторно ставање во функција на Блок 2 и Блок 3. И двата ќе бидат за многу кратко време спремни за синхронизација на мрежата а кој од нив ќе влезе, ќе одлучи раководството на РЕК Битола. Во овој период заради обемот на конзумот, нема потреба да "возиме" со 2 блока.
Во меѓувреме снабдувањето со електрична енергија во државата е целосно обезбедено. Ова се постигнува преку ТЕ Осломеј, зголеменото производство од хидроелектраните на АД ЕСМ, како и преку балансирана набавка и продажба на ел. енергија преку МЕМО.

Погледнете каков талент е Ана Марија Радевска, петнаесетгодишно девојче од Битола.  1000002337 Ана Марија на 18 јуни ја имаше својата прва самостојна изложба во НУ "Св.Климент Охридски" Битола. Таа е ученик на познатиот ликовен педагог Анкица Стевановска од ликовното студио Адамс Арт во Битола. 1000002345 Младата уметница Ана Марија Радевска го привлекува вниманието со стилот на изработка на икони и цртежи со впечатливи мотиви и умешна комбинација на бои. 1000002333

Синоќа, во просториите на Националната Библиотека во Корча, беше отворена изложбата „Приказните од Градиште“, чиј што автор е археологот Енгин Насух, кустос советник при НУ „Завод и музеј“ – Битола. 1000002324

- Ова е трета изложба која нашата институција ја поставува во Албанија, а во рамките на проектот SMART4YOU2, кој што е кофинансиран  од страна на Европската Унија, во рамките на третиот повик на IPA програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.
Оваа изложба имаше за цел пред пошироката албанска јавност да ги претстави исклучително вредните наоди кои што се откриени на локалитетот Градиште во близина на с. Црнобуки, за време на археолошките истражувања кои веќе пет години се одвиваат на овој локалитет, објави Мери Стојанова кустос во Завод и музеј Битола.
На изложбата покрај присутните посетители имаше претставници и на локалните и националните албански медиуми, кои ја пренесоа оваа информнација до пошироката јавност, вели Стојанова. 1000002327 Текст и фото - Фејсбук  Мери Стојановa  - кустос во Завод и музеј Битола 1000002328

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани