2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

29.06.2025 во 20.10 часот полициски службеници од СВР Битола пријавиле дека при давање  асистенција на Итната медицинска помош  Битола во 17.35 часот во Клиничка болница Битола биле физички нападнати од Д.К. (27) од Битола. Тој бил лишен од слобода и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Битола доби безбедни велосипедски патеки, коментар на Иницијативата "Битола на точак" Пола "Партизанска"и пола ул. "Генерал Васко Карагелевски" беа со распаднати тротоари направени во крајот на 70тите и само крпени, а точаците движеа на сам коловоз и често туркани од коли, џипови, камиони, автобуси. Решение подобро и побезбедно од ова е напредок. Сега имаме комплетно нови тротоари и безбедни вело патеки тргнати настрана од коловоз или реновиран еден тип и изграден комплетно нов тип на инфраструктура. Дали може уште подобро, секако дека може. За скоро дел од овие шофери во колони ќе сфатат дека побрзо ќе движат низ град во нова вело лента отколку да чекаат во колони. А замислете вело патеката да е подолга, објавија од Иницијтаивата "Битола на точак". 1000002532

Потпретседателот на СДСМ, битолчанецот Методија Илиевски вели дека опозициската партија за претстојните локални избори за кандидати за градоначалници ќе поддржат предлози и од други партии, и од независни листи и граѓански организации. Илиевски во емисија на телевизија 24, всушност предочува дека СДСМ нема да има свои кнадидати  за градоначалници во секоја општина. - Донесовме заклучоци во раководството дека за секоја општина ќе градиме посебна стратегија. Тоа не значи дека ќе се пазариме, едноставно ќе го слушаме пулсот на народот. Очигледно голем број од градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ не беа на висина на задачата и очигледно во голем дел од општините се јавуваат опозициски движења, партии,  отвораме простор да градиме посебна коалиција за секоја општина, рече Илиевски. На новинарско прашање потврди дека би поддржале кандидати и на ДУИ и на ВЛЕН.  - Би поддржале и независни кандидати за градоначалници, рече Илиевски и додаде  - за доброто на граѓаните. За Битола не кажа дали ќе имаат свој кандидат за градоначалник или ќе поддржат кандидат  од најавениот опозициски фронт. Неофицијално за Битола се зборува дека независен канадидат ќе биде Габриела Илиевска. Текст А. Блажевска

Поддршка од 2 милиони денари на одбојкарките Пелистер Волеј!, објави градоначалникот на Битола Тони Коњановски 

 1000002486
Пелистер Волеј не се само одбојкарки. Тие се храброст, страст, борба и гордост за нашиот град. Девојки кои со срце играат за Битола, кои секојдневно го рушат митот дека спортот е само машка арена.
 
Затоа, ќе предложам до Советот на Општина Битола двегодишен договор за финансиска поддршка на клубот, со 2 милиони денари по сезона.
Ова не е само инвестиција во спортот, ова е инвестиција во вредностите на младите, во иднината на Битола.
 
Кога поддржуваме девојки што сонуваат, ја градиме Битола што инспирира! 
 
Срцето на Битола чука и на одбојкарските терени!, објави градоначланикот Тони Коњановски 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани