Анета Блажевска

Анета Блажевска

Денес, по повод празникот на општина Новаци и патрониот празник на ЦОУ "Славко Лумбарковски", пред бистата на патронот цвеќе положија делегација од Општина Новаци предводена од градиначалникот Љубе Кузманоски и делегација од  училиштето  предводена од директорот Илче Соклевски.
По повод 24  годишнината  од  формирањето на Општина Новаци,  градоначалникот Љубе Кузманоски, со  свое обраќање упати честитка до жителите и но  и благодарноста за соработката. Прославата годинава ќе изостане поради состојбата со светската пандемија и препораките за превентивна заштита од КОВИД 19. Ви го пренесуваме неговото обраќање

Денешниот златен залез на сонцето и изгрев на млада месечина  со својот објектив ги "улови" Јован Наумовски, кој е уште една потврда дека креативноста кај некои луѓе  нема граници дури и во време на ограничено движење кога  на сила е полициски час.

Денес  се измиени и направена е целосна дезинфекција на двата пазари во Битола.

Не треба никој да биде стигматизиран, никако заболените, а уште помалку луѓето во карантин затоа што тие се здрави луѓе и тоа е механизам и модел кој не штити сите нас. Тој модел мораме да го поддржиме, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешниот прес.

Апелот следуваше откако деновиве во Битола се појавија негативни реакции околу сместувањето на наши државјани од странство кои се враќаат дома , во карантин во хотел во центарот на Битола.

„Сите се прегедани од интернист и епидемиолог, досега нема ниту еден заболен од вирусот. Има неколку четири или пет болни лица, тестирани кои се негативни, заболени од обична настинка и тие во рамките на тој карантин се настрана од сите други лица. Тие наши сограѓани не претставуваат апсолутно никаква опасност нити за непосредната околина нити за градовите каде се сместени зашто тоа се целосно здрави луѓе кои мора да поминат 14 дена во самоизолациоја“, рече Филипче.

„Во ‘Плодност’ на одделение има уште две родилки со бебиња, кои утре ќе бидат испишани и се во одлична здравствена состојба. Други пациенти нема, ниту пак некој е однесен во друга болница“, рече доктор Tаше Трпчевски од болницата „Плодност“.

Како што веќе знаете, еден од нашите доктори е носител на корона вирусот и за таа цел е ова обраќање до медиумите, за да не се продолжува со шпекулации и ширење невистини.

Д-р Христијан Трчевски во изминатиот подолг период не го напуштил градот, по што следува заклучеок дека го добил вирусот од некој пациент, иако, болницата од првиот ден на алармирањето за корона вирусот, ја зголеми хигиенската постапка во болницата.

Неговата совесност и како родител и како доктор, го натера да направи дури два тестови. Од првиот беше негативен, а по неколку дена позитивен на КОВИД 19. Тој е во одлична здравствена состојба.

Веднаш, како што носи редот, ги известивме сите надлежни институции, а најбиските на д-р Христијан се во самоизолација. Тоа се случува и со голем дел од персоналот.

По увидот на терен и по сите процедури, болницата има дозвола да продолжи со работа. Ние имаме и втор, резервен тим на доктори и медицински сестри, кои веднаш би можеле да ја заменат првата постава на медицинските лица.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани