Анета Блажевска

Анета Блажевска

Советот да донесе заклучок со кој ќе се поднесе барање до Основното јавно обвинителство и други надлежни институции за да се истражи случајот со реновирањето на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола од времето на Валдимир Талески, побара на денешната седница координаторот на советниците од СДСМ и коалицијата, Методија Илиевски.

„Бидејќи мораме да ги санираме остатоците од претходната власт, предлагам во име на транспаретноста и расветлувањето на вистината до крај, да донесеме одреден заклучок за поднесување на барање до ОЈО и другите надлежни инстутуции за истражување на случајот со реновирање и реконструкција Домот за стари лица ‘Сју Рајдер’ павиљон 1 и 2. Ова барање е врз основа на договорот заверен во Министерството за локална самоуправа по број 10/117/3 од 19.12.2011 година поради постоење основи на соменвање за сторено кривично дело. Со ова сакам да се заокружат сите искажани шпекулации дека Општината нема да поднесе соодветни мерки за расветлувањере на овој случај“, рече Илиевски.

Советот на Општина Битола денес трба да изгласа зголемување на платите на пожарникарите од Територијалната противпожатна единица во Битола. Во просек зголемувањето на платите ќе биде по 1200 денари на пожарникар. 

Корисниците на деловни простории во градот ќе бидат ослободени од комуналната такса за месеците додека трае вонредната состојба, а потоа до 15 ноември таа ќе изнесува 5 денари. Владата вчера ја прифати иницијативата на градоначалничката на Битола Наташа Петровска и донесе одлука со која се овозможи намалување на комуналната такса за корисниците на деловните простории.

Издадена е градежната дозвола за новата градинка точно како што беше најавено, во Касарната и нема да биде една, туку се работи на две, соопшти градоначалничката на Битола, Наташа Петровска на својот фејсбук профил. Проектот е одобрен од Министерството за труд и социјална политика и  изработен е по сите современи стандарди.

,,Локација, онаму каде што оваа локална самоуправа изгради 72% (изразено вредносно во пари 1,6 милиони евра само до минатата година (оти уште има) во Касарната. За најмилите никогаш не е доволно. За младите секогаш треба на стореното едно повеќе. Затоа, нема да е една. Две, на две се работи. Знам кому тоа најмногу ќе им смета. На претходните ,,домаќини". Како можело?! Ете така, кога не гледате проценти  за сопствени џебови", напиша Петровска. 20200610 200438

Според претходно соопштени информации едната градинка ќе биде со капацитет од околу 150 деца во смена. Според постоечкиот план, ќе се гради во 2 фази. Со изградба на нова градинка во поранешната Касарна во Битола ќе се намали бројот на деца кои чекаат за прием во постоечките детски градинки.

При евалуацијата на проектите за нова детска градинка во населбата АРМ во Битола беше наведено дека „Проектот детска градинка во АРМ четврт-два, зафаќа површина на градежната парцела од 2189 м2, додека површината на градба, предвидена за објектот детска градинка П+1, ќе зафаќа 1618 м2.

 

Од вкупно 30 регистрирани позитивни на КОВИД-19 во Битола, болеста во моментот е во тек кај тојца битолчани, информираат од Центарот за јавно здавје. Во оваа здравствена установа од почетокот на пандемијата до денес, 10 јуни,  се земени вкупно 771 брис. Од нив 348 по епидемиолошки индикации, 93 преку упатување од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки за скрининг.

Од 5 јуни сум на годишн одмор, односно го користам ланскиот одмор, одговори кандидатот за пратеник на СДСМ, Горан Козаров, на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, дека како директор на ЈП „Водовод„ тера партиска агенда во работно време.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани