Анета Блажевска

Анета Блажевска

На денешниот состанок на Oпштинскиот кризен штаб се разговараше за актуелната состојба со пандемијата од КОВИД 19. На ниво на Општина Битола, бројот на нови случаи е мал, но континуираното превентивно делување, како и одговорното однесување од страна на граѓаните и редовните постапувања од страна на надлежните инспекторати и СВР Битола, остануваат главна насока за понатомошно делување.

Новиот случај позитивен на КОВИД-19 во Битола е жена вработена во позната фабрика во Битола, но не се заразила на работното место, туку преку сопругот.    

Еден позитивен на КОВИД-19 е регистриран денеска во Битола, со што вкупниот број на заболени се искачи 35, а болеста е во тек кај осуммина. Од Центарот за јвно здравје велат дека станува збор за сопруга на заразен кој бил регистриран во претходните денови. Вчера министерот Венко Филипче соопшти дека заразен е еден болничар во Хируршкото одделение во Клиничката болнцата, а со симптоми е еден хирург, за кого се очекуваат резултатите, а треба да пристигнат вечерва

Уписите во средните училишта во Битола се спроведуваат во најдобар ред со почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19 и по објавениот азбучен ред. Спсиоците со редослед по азвучен ред и термините за упис истакнати се на влезните врати од училиштата, како и на фејсбук страниците на школите, па при усписите годинава нема турканици.

Во седумте средни училишта во Битола има место за упис на 1895 ученици во прва година, а завршени основци во Битола се 751. Бројката на ученици бележи пад со години нанзаад, но во средните училишта има повеќе места и затоа што во Битола се запишуваат и ученици од околните општини Ресен, Новаци, Могила, Демир Хисар, а во Средното медицинско училиште дури и од Кавадарци.

Поради реконструкција и изведба на градежни работи, промена на канализациона и водоводна мрежа до целосно асфалтирање на улицата „Илинденска“ , можни се проблеми во водоснабдувањето на потегот на истата во одредени интервали се до завршувањето на реконструктирањето на улицата, соопштија од ЈКП „Водовод“ од Битола

Бројката на зболени од КОВИД-19 во Ресен се искачи на 25, а вкупно 110 нивни директни контакти се под здравствен надозр, информираат од Центарот за јавно здравје во Битола. Првиот позитивен случај во овој град беше на 10 јуни.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, денес, го посетија местото во близина на селото Црнобуки, каде што се наоѓаат дел од критичните точки на реката Шемница, чие чистење ќе биде спроведено во вкупна должина од 3200 метри.

Обрасната по целата должина со нискостеблеста и високостеблеста вегетација, реката Шемница, со своето нерегулирано корито, а поради тоа и неконтролирано движење на водата, честопати се излева во околните земјоделски парцели и прави штети на земјоделците. Поради тоа, во мај годинава, на барање на Градоначалничката Петровска, Владата на Република Северна Македонија, ја разгледа информацијата со акциониот план за чистење на критичните точки и усвои заклучок со кој и препорача на Општина Битола, неискористениот дел од доделените нафтени деривати во 2011, да ги искористи за реализација на акциониот план, изготвен од АД Водостопанство, подружница Битолско поле – Битола.

Советот на Општина Битола, на последната седница, донесе одлука за преотстапување на дизел гориво Еуродизел БС на АД Водостопанство на Република Северна Македонија во државна сопственост - Скопје, Подружница Битолско Поле - Битола, заради реализација на Акциониот план за чистење на дел од критичните реки на територијата на Општина Битола. Со оваа одлука на Битолско Поле - Битола му се преотстапува без надомест количина од 8596 литри дизел гориво Еуродизел БС од неискористениот дел од доделеното дизел гориво на Општина Битола со Одлука бр. 51-1402/42 од 22.03.2011 година на Владата на Република Македонија, заради реализација на Акциониот план за чистење на дел од критични реки на територијата на Општина Битола бр. 2201-69/1 од 09.03.2020 година.

Општина Битола преку економски оператор избран во постапка за јавна набавка ќе врши надзор над изведувањето на работите за реализација на акциониот план и ќе ги одобрува градежниот дневник и градежната книга за работите на терен.

Со реализацијата на предвидениот акционен план, жителите од местата кои се најзасегнати од овој проблем, очекуваат значително подобрување на состојбата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани