
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 65-тата Седница на Советот на општина Битола, советникот Николче Јанкуловски од ПОДЕМ предложи измена на дневниот ред на седницата со следната точка: Барање од Советот на општина Битола до Владата на РМ за одобрување на средства од Буџетот за 2020 година во износ од 30.000.000 денари на Општина Битола, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со COVID – 19 кризата. Од ПОДЕМ велат дека барањето не го поддржале советниците од мнозинството.
"Очекувам за ова барање да ме поддржите, бидејќи Битола е еден од најпогодените градови во кризата, и како град со регионален Ковид- центар,и колку Советот да издвојува средства, тоа се премалку во однос на потребите кои ги имаат и граѓаните, медицинскиот персонал, локалните фирми. А бидејќи Битола има и министер во Владата, кој само на зборови се декларира како голем локал патриот, очекувам како што на 11.12.2020 гласа за одобрување на исто толкав износ за општина многу помала од Битола и многу помалку погодена од ковид кризата, очекувам да даде и поддршка и за Битола."
Штабот за заштита и спасување на Општина Битола, денес одржа on - line состанок, кој го водеше началникот на штабот Кире Ѓоргиевски.
Директорите на здравствените институции во информацијата за актуелната состојба со КОВИД 19 информираа дека во Битола, зголемената бројка на новозаболени која се појави последните месеци, во моментот е во мала стагнација, но заштитата и почитувањето на мерките и понатаму се клучни за подобрување на епидемиолошката состојба.
Идната недела ќе се зголеми бројот на тестирања со брзи тестови што е важен предуслов за рана детекција на вирусот, како и брза интервенција од страна на здравствениот персонал.
На состанокот, беше заклучено дека Општина Битола и јавните претпријатија, веќе ги завршија своите активности во однос на подготовка на теренот за поставување на модуларните болници во Битола.
Општинскиот кризен штаб, апелира во празничниот период кој претстои, одговорно да се однесуваме за да се заштитиме себе си, но и да не го загрозиме здравјето на другите.
На 48 годишна возраст почина Драган Китановски, актуелен и извршен директор на ЗК Пелагонија. Китановски ја загуби битката со ковид-19 и почина вчера во болница во Скопје. Беше просперитетен стопанственик, истакнат менаџер, а битолчани со неверување ја дочекаа веста за неговата прерана смрт.
