Анета Блажевска

Анета Блажевска

Непознати сторители ја скршиле  светлечката реклама на Малиот битолски Монмартр поставена на канделабра во Старата Чаршија, точно пред Детското ликовно студио.

На 58-годишна возраст почина битолчанецот Вања Ѓоргиевски -Американецо, познат како менаџер за филмски локации во Битолско и поширокиот регион.

Тој беше логистика во Битола за повеќе филмови и серии што се снимаа во изминатиот период. Последен проект во кој учествуваше како менаџер за локации му беше ,,Сирена во Париз" со Роси де Палма како главен  лик,  што се снимаше во Битолската болница. Ѓоргиевски исто така, соработуваше и со филмаџии од турските серии кои се снимаа во Битола, меѓу кои и познатата ,,Збогум Румелија", беше дел и од логистичката екипа на ,,Трето полувреме" во однос на одредени локации на кои се снимаше во Битола. 

Расказот „Идат денови“ на битолската писателка Светлана Папачек, кој ја доби втората награда на конкурсот за краток расказ „Раскажувам фотографија“ на Фондот на Холокаустот во основа има вистинска животна приказна од периодот на депортацијата на Евреите во Битола. Само што авторката до некаде ја изменила сакајќи да не ја наруши приватноста на одредени лица од градот.

Голем дефект на главната водоводна цевка во населебите Карпош и Кланица, остави дел од жителите без вода. Од Водовод инфомрираат дека нивните екипи веќе два часа работат на отстранување на дефкетот и се очекува за половина час да се нормализира водснабдувањето.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани